logo
  • Видео Информации

    • Посета на градоначалникот на Витина, г.Сокол Халити
      Посета на градоначалникот на Витина, г.Сокол Халити
    • Еколошка акција „Општина без смет за поубав свет“
      Еколошка акција „Општина без смет за поубав свет“
    • Осогово – планина која плени со својата убавина
      Осогово – планина која плени со својата убавина
    • Една година отворена општина – Една година за граѓаните на Крива Паланка
      Една година отворена општина – Една година за граѓаните на Крива Паланка
  • Видео пренос од седници на Совет

    • 21.седница на Совет на Општина Крива Паланка
    • 20.седница на Совет на Општина Крива Паланка
      20.седница на Совет на Општина Крива Паланка
    • 19. седница на Совет на Општина Крива Паланка
    • 18. седница на Совет на Општина Крива Паланка
      18. седница на Совет на Општина Крива Паланка
  • Врз основа на Правилникот за условите, критериумите и правилата за субвенциониран превоз на студенти кои студираат на Државните Универзитети во Штип и Скопје („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр.15/2017  од 28.12.2017 година) Општина Крива Паланка објавува

    КОНКУРС
    ЗА СУБВЕНЦИОНИРАН ПРЕВОЗ НА СТУДЕНТИ КОИ СТУДИРААТ НА ДРЖАВНИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ ВО ШТИП И СКОПЈЕ, А СЕ ЖИТЕЛИ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

     Општина Крива Паланка за 2018 година субвенционира превоз на

    • 10 (десет) студенти кои студираат на Државните Универзитети во Штип и Скопје во Република Македонија
    • Субвенционирањето е со два повратни месечни билети со превоз од АДПТУТ „Пролетер“ АД с. Конопница Крива Паланка

    Услови за доделување на субвенции

    Право на субвенција имаат студентите кои се запишани на Државните Универзитети во Штип и Скопје во Република Македонија и ги исполнуваат следните услови:

    – Општи услови за студенти :

    1. да се жители на општина Крива Паланка
    2. да се редовни студенти
    3. да не повторувале година во текот на студирањето
    4. да се државјани на Република Македонија
    5. во предвид ќе бидат земени апликациите на студенти деца на самохран родител, студенти деца на невработени родители, студенти деца без родители и родителска грижа, студенти деца со посебни потреби и студенти деца на корисници на надоместок по основ на престанок на работен однос од деловни причини за кои вкупните приходи во семејството се под нето минималната плата утврдена во Република Македонија
    6. да не се постари од 25 години

    Критериуми за доделување на субвенции се

    1. Постигнат успех од претходните студиски години од најмалку 8,5
    2. Материјални можности на студентите  и нивното потесно семејство

    Потребни документи за учество на конкурсот

    (Потребни обрасци)

    1. Евидентен лист пополнет од апликантите до комисијата
    2. Потврда за редовен студент
    3. Уверение со број на предвидени и  положени испити од претходни години
    4.  Потврда од плата/чек од пензија за татко/мајка или старател за исплатена плата за последни три месеца, за невработените потврда од Агенција за вработување на Република Македонија дека се невработени или примат/не примат паричен надоместок, додека за другите членови на семејството брат/сестра доколку се ученици или студенти потврда од училиште или факултет
    5. Документ за кандидати-студенти без родители и родителска грижа и студенти кои се категоризирани како лица со посебни потреби
    6. Изјава за семејна положба
    7. Изјава за точни податоци во приложена документација
    8. Изјава за користење на лични податоци
    9. Копија од државјанство на РМ

    Место и рок на поднесување на документи

    Потребните документи се доставуваат до Општина Крива Паланка

    Рокот на поднесување на документи е 01.02.2018 до 28.02.2018 година

    • При поднесување на документи кандидатите потребно е со себе да носат и индекс.
    • Потребните обрасци може да се набават во Општина Крива Паланка или на веб страницата на општината www.krivapalanka.gov.mk
    • Некомплетни ненавремено доставени документи и документите доставени по пошта нема да се разгледуваат.
    • Резултатите ќе бидат објавени во рок од 8 (осум) дена од денот на завршување на конкурсот
    • Резултатите ќе бидат објавени на огласна табла во општина Крива Паланка и на веб страната на општината www.krivapalanka.gov.mk
    • Незадоволните кандидати имат право на приговор во рок од 3 (три) дена од денот на објавувањето на резултатите.
    • Поблиски информации може да се добијат директно во канцеларијата на комисијата или на телефон 031/372-130  076/337-446   070/607-543.

               ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
    Градоначалник
    Борјанчо Мицевски


    Во рамки на одбележувањето на Денот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј, во НУ Центар за култура Крива Паланка, отворена е изложба на фотографии „По трагите на Св.Кирил и Методиј“, дела од авторот Павол Демеш од Братислава, Република Словачка.

    Фотографиите се создадени во период од три години  при посетите на местата поврзани со животот и дејноста на словенските просветители, поради што изложбата претставува една фотографска биографија на Св. Кирил и Методиј.

    Изложбата  беше отворена од страна на амбасадорот на Словачка во РС Македонија, Н.Е. Хенрик Маркуш.


    Во салата на НУ Центар за култура во Крива Паланка, синоќа се одржа свечена академија по повод 24 Mај – Денот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј.

    На свечената академија свое обраќање имаше градоначалникот на  општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, кој пред присутните гости зборуваше за значењето и улогата на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.

    Во своето обраќање, Мицевски истакна дека, општина Крива Паланка од минатата година отпочна една светла мисија со која, локалната самоуправа настојува да ги препознае, да ги награди и да им оддаде признание на најдобрите и највредните чинители во воспитно образовниот процес и со тоа да направи мал чекор во стимулирањето на идните генерации од професори, наставници и ученици, за да тие трајно се вткаат и максимално се вложат во она што го работат и творат.

    -Од мое лично име и од името на општинската администрација, како и од сите присутни вечерва, сакам да им се заблагодариме на просветните работници, на учениците и на воспитно образовните институциина на кои тие им припаѓаат, и сакам да им оддадеме сесрдна  почит и признание за сето она што го прават за унапредувањето на воспитно образовниот процес и за нивните успеси со кои, сите ние се радуваме. Ви го честитам паразникот на сесловенските просветители Кирил и Методиј и Ви посакувам уште многу успеси во понатамошната работа, рече градоначалникот Мицевски.

    На свечената академија, од страна на градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски беа прогласени и наградени најуспешните просветни работници во одделенска и предметна настава на територијата на општина Крива Паланка за учебната 2018/2019 година и им беа доделени признанија и на учениците на генерацијата од основните училишта „Јоаким Крчовски“ и „Илинден“ и  во средното училиште „Ѓорче Петров“.

    Наградите за најуспешни поединици од редот на просветните работници за учебната 2018/2019 година завршија во рацете на професор, Татјана Филиповска од СОУ „Ѓорче Петров“ и на просветниот работник во одделенска настава, Добри Јовевски од ООУ ,,Илинден“.

    За ученици на генерацијата 2018/2019 година добија признанија Јован Младеновски од СОУ „Ѓорче Петров“, Марија Маџовска од ООУ „Илинден’’ – подрачно училиште од с.Мождивњак и Лина Рангелова, ученичка во ООУ ,,Јоаким Крчовски“ во Крива Паланка.

     


    Општина Крива Паланка, ЛУ Градски музеј и МПЦ Кумановско-осоговска епархија, за прв пат во современата македонска историја, денес го отпочнаа годишното чествување на Јоаким Крчовски-истакнатиот просветител и духовник од нашата преродбенска историја преполна со личности и дела, со градби и настани, со подеми, но и со падови.

    По тој повод во општинската сала беше оддржана свечена академија за ликот и делото на Јоаким Крчовски, а воедно беше промовирана и книга со наслов „Јоаким Крчовски во народната и духовната традиција“ од кривопаланечкиот автор, проф . д-р Јордан Михајловски, а промотор на книгата беше проф. д-р Маја Јакимовска Тошиќ од Институт за македонска литература, Скопје.

    На овој свечен настан, пригодно предавање за македонското културно и духовно  наследство, за вековните стремежи за националниот и културниот идентитет, како и за историјата на македонскиот јазик, имаше проф. д-р Лилјана Гушевска, од Институтутот за национална историја, Скопје.

    Во рамки на програмата за одбележувањето на овој свечен ден, градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски и директорот на ООУ Јоаким Крчовски, Дане Петровски ја откирија спомен бистата на преродбеникот Јоаким Крчовски, која се наоѓа во дворот на општинското основно училиште.


    Во изведба на членовите на детското-драмско студио на Националната установа Центар за култура Крива Паланка  премиерно беше изведена театарската претстава за деца „Украдениот дневник”.
    Текстот и режијата на претставата се на менторот и режисер, Глигор Цветковски и нуди едукација и смеа истовремено.
    -На сцената настапија вкупно единаесет дечиња од помладата група, на возраст од 11 до 15 години кои за првпат се претставија пред поширок аудиториум, пред публика, а она што ме прави среќен и задоволен е успешната изведба, со исклучително позитивен повратен ефект од публиката. Јас како режисер сум презадоволен како делото оживеа на сцената и веќе се наѕираат неговите идни прикажувања на театарски сцени ширум републиката, изјави режисерот Цветковски.
    Претставата е работена во изминатите пет месеци, а во претстојниот период е планирано да претрпи доусовршување и мали измени на сценариото.
    -Ова е претстава за една мала хероина и нејзините другарчиња, а во неа се испреплетуваат лага и тага, лошо и добро, но победуваат вистината, добрината, правдината. Комична приказна во  која секој може да се пронајде себеси и детето во себе, што го носиме сите. Приказна за доблеста, чесноста и разликувањето на доброто и злото. Приказна која  укажува на грешките од кои треба да се учи, а не да се повторуваат. Преку перипетиите низ кои минува нашата мала хероина и нејзините соученици се отсликува секојдневието на децата во и надвор од училиштето во оваа весела и забавна, но и поучна претстава, додаде Цветковски.
    Одговорните од НУЦК Крива Паланка најавија дека договорено е гостување на младите актери во неколку центри за култура во државата, а истата е испратена на неколку фестивали за младински и претстави за деца во и надвор од републиката.
    Драмското студио на Центарот за култура од градот постои од 2007 година и секоја година продуцира по најмалку една претстава за деца и една за возрасни, така што досега членовите на студиото имаат подготено вкупно 12 претстави за деца.
     

    Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 23-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 29.05.2019 година (среда ) во 14,00 часот.

    Дневен ред:

    -Усвојување на записник од 22-та седница
    1. Предлог Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Крива Паланка К1 , К2 и К3 за I квартал за 2019 година;
    2. Предлог Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2019 година;
    3. Предлог Одлука за прифаќање на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработказа основање на заедничко јавно претпријатие со општините: Штип, Карбинци, Кочани, Виница, Берово, Делчево, Македонска Каменица, Чешиново Облешево, Зрновци, Пехчево, Пробиштип, Ранковце, Кратово, Липково, Старо Нагоричане, Свети Николе и Куманово;
    4. Предлог Решение за именување на член во заедничката комисија за подготовка на предлог на актот за воспоставување на меѓуопштинска соработка и предлог договор за остварување на меѓуопштинска соработка меѓу општините: Штип, Карбинци, Кочани, Виница, Берово, Делчево, Македонска Каменица, Чешиново Облешево, Зрновци, Пехчево, Пробиштип, Крива Паланка, Ранковце, Кратово, Липково, Старо Нагоричане, Свети Николе и Куманово;
    5. Предлог Одлука за дефинирање на граница на опфат на улици во Општина Крива Паланка;
    6. Предлог Одлука за дополнување на Одлуката за дефинирање на граница на опфат на улици во Општина Крива Паланка бр.09 480/45 од 19.02.2018 година;
    7. Предлог Одлука за дополнување на Одлуката за дефинирање на граница на опфат на улици во Општина Крива Паланка бр.09 737/49 од 14.03.2018 година;
    8. Предлог Одлука за системот на паркирање, определување на зони, времето на паркирањето, ограничување на паркирањето, системот на наплата на паркирањето, резервација и повластено паркирање во Општина Крива Паланка;
    9. Предлог Одлука за утврдување на приоритет на проект Изградба на локален пат с. Конопница  м.в. Кула (Лиска) м.в. Стублица кон спој со А2 во должина од 1473,72м;
    10. Предлог Одлука за давање согласност за намената на инвестицијата за проектот Изградба на локален пат с. Конопница м.в. Кула (Лиска) м.в. Стублица кон спој со А2 во должина од 1473,72м;
    11. Предлог Одлука за утврдување на приоритет на проект Создавање на услови за развој на здрави генерации;
    12. Предлог Одлука за усвојување на Програма за ангажирање на сертифицирани негователи за стари лица за давање социјални услуги на стари и изнемоштени лица во домашни услови за 2019 година;
    13. Предлог Програма за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен обележја;
    14. Предлог Одлука за давање согласност на измена на годишниот план за вработување за 2019 година на Општина Крива Паланка;
    15. Предлог Одлука за изменување и дополнување на Програмата за уредување и одржување на градско зеленило во Општина Крива Паланка за 2019 година;
    16. Предлог- Одлука за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ОЈУДГ Детелинка Крива Паланка;
    17. Предлог –Решение за разрешување на член на Управен одбор на ОЈУДГ Детелинка Крива Паланка;
    18. Предлог –Решение за именување на член на Управен одбор на ОЈУДГ Детелинка Крива Паланка;
    19. Предлог –Решение за разрешување на член на Управен одбор на ЈП Комуналец Крива Паланка;
    20. Предлог –Решение за именување на член на Управен одбор на ЈП Комуналец Крива Паланка;
    21. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п. бр. 6820 во К.О. Конопница, Општина Крива Паланка;
    22. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п. бр. 1541/9 во К.О. Добровница, Општина Крива Паланка:
    23. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п. бр. 10037 во К.О. Градец, Општина Крива Паланка;
    24. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п. бр. 9604 во К.О. Градец, Општина Крива Паланка;
    25. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п. бр. 2624 во К.О. Мождивјак, Општина Крива Паланка;
    26. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п. бр. 1706 во К.О. Крстов Дол, Општина Крива Паланка;

    СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
    Претседател,
    Изабела Павловска ,с.р


    Денес во општина Крива Паланка се оддржа јавен настан на тема ,,Париципативно буџетирање во општините“, како дел од проектот ,,Мои пари, моја одговорност-Партиципативно буџетирање во општините во Македонија”, подрржан од УСАИД, а во реализација на граѓанското здружение, Граѓански центар за оддржлив развој ЕГРИ и со поддршка на Општина Крива Паланка.

    Проектот „Мои пари, моја одговорност“ има за цел активно вклучување на граѓаните и организациите во процесот на донесување на буџетот на општината, зголемување на свеста на локалното население за влијанието на трошењето на општинските пари врз квалитетот на животот во заедницата, како и зголемување на кредибилитетот и ефикасноста на одлуките на локалните власти во врска со трошењето на јавните пари и подигање на свеста за потребата од транспарентност во врска со тоа.

    На денешниот настан учествуваа претставници од локалната самоуправа, јавните установи, претставници од граѓанските здруженија, бизнис секторот, медиумите и останати чинители од локалната заедница, пред кои беше презентирано значењето на патиципативното буџетирање, начините и формите на партиципација, како и потребите од патиципативното буџетирање.

    Презентер на денешниот јавен настан беше универзитетскиот професор Борче Треноски.

     

     


    Во општина Крива Паланка се реализираше настан на тема „Работи и заработувај од дома”, на кој беа презентирани можности на креативни професии и можности за работа од дома, Upwork- платформата и алатките на креативните софтвери  Photoshop и Illustrator.

    На овој настан учествуваа средношколци, невработени лица како и останати заинтересирани граѓани  кои имаа можност да проследат презентација за атрактивноста на креативните професии од Ангелина Канчевска, раководител на авторизиран Adobe тренинг центар  и на Семос академија за дизајн и презентација за дизајн и креативни алатки и Upwork-платформата за што говореше Бобан Крстев, сертифициран Adobe инструктор.

    Овој отворен ден, што општина Крива Паланка го организираше, е само почеток во серијата настани за можностите за заработка од дома, кои одблиску ќе им бидат презентирани на младите, а што ќе се се реализираат во струка, која ќе им овозможи да се изразат креативно и притоа да останат во средината во која живеат.

    За Семос едукација ова е прва ваква соработка со општина Крива Паланка и Фондацијата „Со срце за Крива Паланка” со која се отворија можности за идна соработка со цел, развој и унапредување на условите за подобар живот на младите генерации, отварање на нови перспективи за развој на заедницата и создавање иднини генерации млади луѓе, кои ќе сакаат својот потенцијал и креативност да го реализираат во родниот крај.

     

     


    Екипата од основно општинско училиште „Јоаким Крчовски”, Крива Паланка е државен првак во кошарка по завршувањето на спортската училишна лига која беше заокружена на вчерашното Државно првенство во кошарка за основни училишта, девојки.

    Домаќин на државното првенство е Општински сојуз на училишен  спорт Крива Паланка, а натпреварите се одиграа во спортската сала „Бранители 2001″.

    – Општински училишен спорт Крива Паланка за првпат е домаќин на екипно државно првенство и беше предизвик и голема одговорност да се организира.На ова државно натпреварување учествуваа женски тимови од основните училишта: „Ванчо Прке”, Делчево, “„Лазо Ангеловски” и „Дане Крапчев”, Скопје, „Тоде Хаџи-Тефов”, Кавадарци, „Ѓорги Сугарев”, Битола и „Јоаким Крчовски”, Крива Паланка кои одиграа лига- систем што финишира денес,со турнирот во нашиот град. Задоволство е да се биде домаќин на најдобрите екипи и девојки од овие генерации,а уште повеќе и што кривопаланечките кошаркарки се победници, на што се радувам заедно со нивните наставници и тренери, изјави Биљана Цековска, претседател на Општинскиот сојуз на училишен спорт Крива Паланка.

    Првопласирана екипа на првенството е тимот на ООУ „Јоаким Крчовски”, второ место го освоија кошаркарките од ООУ „Ванчо Прке”, Делчево, а третото место им припадна на битолчанки од ООУ „Ѓорги Сугарев”.

    Наставникот по физичко и здравствено образование и тренер на екипата- победник , Мирослав Ивановски, истакна дека ова претставува голем успех, најголем во историјата на училишен спорт на ниво на општина Крива Паланка.

    – Ова е досега најголемиот успех на ниво на училишен спорт, колективна конкуренција, основни училишта во градот. Но, овој успех не е случајност затоа што овие девојки имаат изработено многу тренинзи, многу натпревари, зад нас е многу труд и заслужуваат да бидат овде, каде што се, на највисокиот пиедестал. Сите девојчиња воедно се дел од Кошаркарскиот клуб „Крива Паланка”, каде секој ден напорно тренираат и во текот на сезоните се натпреваруваат во лигите на МКФ, изјави тренерот и наставник, Мирослав Ивановски.

    Упати благодарност до училиштето и до директорот Дане Петровски.

    – Благодарам што директорот овозможи да патуваме на зонските, регионални и државни натпревари, благодарам и што колегите т.е. предметните наставници имаа разбирање за нивните отсуства од часовите, а секако,се заблагодарувам и на поддршката од родителите кои патуваа со нас и ги бодреа нашите девојки. Овие девојчиња се запишаа во историјата на училишниот спорт на Крива Паланка и на ООУ „Јоаким Крчовски”, додаде Ивановски.

    Организацијата на државното првенство во кошарка за основни училишта, женски, ја помогнаа наставниците по физичко и здравствено образование од ООУ „Јоаким Крчовски” и „Илинден”, СОУ „Ѓорче Петров”.

     

     

     

     


    На 20 мај понеделник, Општина Крива Паланка, Граѓанското здружение „Со срце за Крива Паланка” и Семос Едукација организираат отворен ден на тема „Работи и заработувај од дома”.

    На настанот ќе се презентира еден од начините на кои можете на лесен начин солидно да заработувате при тоа да нема потреба да го напуштите својот дом.

    Агенда

    12:00 – 13:00
    Атрактивноста на креативните професии
    м-р Ангелина Канчевска, раководител на Adobe авторизиран тренинг центар и Семос Академија за дизајн

    13:00 – 15:00
    Презентација на креативните алатки и Upwork платформата
    Бобан Крстев, Adobe Certified Instructor

    Настанот ќе се одржи во Големата сала на Општина Крива Паланка.
    Ве очекуваме!


    Успешно е реализирана и шестата еколошка акција „Општина без смет за поубав свет“,  која овој пат се спроведе во два реона.

    Првиот реон каде се собираше отпадот беа населбите Илинден и Житни. Во чистењето на овој акциски реон зедоа учество над педесетина учесници  од ООУ „Илинден“, од детската градинка „Детелинка“, Здружение на пеензионери, од СОУ „Ѓорче Петров“, Локалната самоуправа, ЈП „Комуналец“ и одреден број граѓани од овие две населби. Во овој реон се собираше отпадот во околината  на училиштето „Илинден“, дворното место на социјалната зграда, околината на спомен костурницата и скалите за населбата „Бегови бавчи“, дворно место на колективна стамбена зграда на Житни,  кај трафостаницата и покрај сите улици во овие населби. Се исчисти и големата долгогодишна депонија на крајот на улица „Осоговска“ . Вкупно соберен отпад во овие две населби е околу 10 м3 на разновиден отпад.

    Вториот реон каде вонредно се собираше и чистеше отпадот беше шумата над населбата „Лозаново“. Во чистењето на оваа локација исто така зедоа учество над педесетина учесници кои собраа над 20 м3 на разновиден отпад. На оваа локација покрај вработените на ЈП „Комуналец“ и Општината Крива Паланка зедоа учество претставници на пензионерското здружение од Крива Паланка, како и двете волонтерски здруженија и тоа движењето „Не биди ѓубре “ од Скопје предводено од актерката Ирена Ристиќ  и здружението „Осоговски акцијаши “ од Крива Паланка.

    По чистењето на овие локации се поставија и табли за забрането фрлање на отпад.

    Бесплатен телефонски број  за пријавување на недозволено фрлање, одлагање и оставање на отпад е:
    078  30 30 60.


    Големина на фонт
    Контраст