ПОКАНА ЗА НАСТАН  „Форум за еднаквост и различност“

Почитувани,

Со задоволство ве покануваме на Форумот за еднаквост и различност, што ќе се одржи на 26.03.2024 во општинската сала на општина Крива Паланка.

Овој настан е дел од серија на Форуми за еднаквост и различност кои ќе се одржат во седумнаесет општини на територијата на Република Северна Македонија. Овие форуми ќе служат како клучни платформи за дијалог и соработка, со цел да се поттикне инклузивноста и да се адресираат релевантни прашања во нашите заедници.

Форумот има за цел консултација со граѓаните на темите родова рамноправност, борба против дискриминација и инкопрорирање на интерсекцискиот пристап при решавање на предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост.

Форумите за еднаквост и различност се дел од проектот „Од несвесни за различностите во трансформативни локални заедници кои препознаваат различности и инклузивна еднаквост“ финансиски поддржан од Делегацијата на Европска Унија во Северна Македонија, спроведуван од Сојуз-Национален совет за родова рамноправност.

Детали за настанот:
Место: Општинска сала на Општина Крива Паланка
Датум: 26.03.2024
Време: 12:00 часот

Големина на фонт
Контраст