Одржана работилница за реупотреба на отпад за младите од Општина Крива Паланка

Вчера, на 22-ри април, по повод денот на планетата Земја, во Europe House Крива Паланка за младите од нашата општина се оддржа работилница за реупотребата на отпад.

За време на работилницата, учесниците имаа можност да се запознаат со реупотребата на отпад преку интересни презентации и разговори. Учесниците ги истакнаа своите креативни способности во креативниот дел на работилницата и изработија предмети од отпад, покажувајќи колку може да биде интересно и важно да се креира нешто ново од веќе постоечки материјали.

Оваа работилница не само што ги едуцира учесниците за значењето на реупотребата на отпад, и ги поттикна да ги искористат своите креативни способности за да создадат нешто ново и корисно од предмети и матријали што другите можеби би го фрлиле како отпад.

Работилницата за реупотреба на отпад се спроведува како дел од Акцискиот план за Крива Паланка кој е во рамките на проектот „Младински активизам за позелени општини“ , а е финансиски поддржан од Delegation of the European Union, Skopje, спроведен од Македонско здружение на млади правници, Go Green – Биди Зелен, Центатр за климатски промени и Младинска Асоцијација Креактив Кавадарци.

#eu4yоu #ЕУзаТЕБЕ #EUGreenDeal #EuropeanYearOfYouth
#EYY2022 #eu4yоu #ЕУзаТЕБЕ

 

Големина на фонт
Контраст