Културни Манифестации

Новогодишен базар

НОВОГОДИШЕН БАЗАР

Општина Крива Паланка од 2021 г. започна со организација на  богата предновогодишна културно-забавна програма, со музички, сценски и забавни активности за сите генерации, наречена „Крипаланечки новогодишен базар“.

„Кривопланечкиот новогодишен базар“ нуди  целодневна богатата културно забавна  програма со настапи на полуларни музички изведувачи  од земјава и странство, како и забавни активности и содржини за младите и децата со кловнови и жонглери и со настапи на детски хорови и млади музички ѕвезди.

Кривопаланчани заедно со бројните други посетители од регионот, имаат можност да се забавуваат на „Кривопланечкиот новогодишен базар“ во прекрасен празничен амбиент со атрактивни дрвени куќички, каде можат да се најдат сувенири, новогодишни и божиќни колачиња, греано вино и топол чај и други новогодишни содржини, кои  го подигаат расположението и не внесуваат во светот на новогодишната атмосфера.

Сите активности  за време на оддржувањето на ова предновогодишна манифестација „Кривпапалечки новогодишен базар“ се одвиваат на централниот градски плоштад.

 

Бадник и божиќ

БАДНИК И БОЖИЌ

Прославувањето  на Бадник и Божиќ Во Крива паланка, се организира во духот на христијанската традиција и започнува со звукот на коледарски и божиќни песни на коледарчињата од бадниковата поворка, со божиќни пораки и заедничка прослава на големиот христијански празник.

На Бадниковата прослава, која се одвива на централниот градски плоштад, присутните добиваат празнична молитва и благосов од Кривопаланечко архиерејско намесништво, по што следува кршење на лепче со паричка,  избор на кумство за таа година и делење на топла ракија и чај, бадникарски гранчиња и посна славска закуска.

Прославата ја организираа локалната самоуправа на Општината и културните институции од градот, а придонес во реализација на настанот имаа и двете основни и средното општинско училиште.

Кривопланчани со многу внимание и почит ги одбележуваат овие празници. Божик е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.

 

Водици

БОГОЈАВЛЕНИЕ – ВОДИЦИ СО СОДРЖИНИ ОД ПРОГРАМСКИ ДЕЛ ОД МАНИФЕСТАЦИЈАТА, ПИФТИЈАДА

По повод чествувањето на големиот христијански празник Богојавление – ВОДИЦИ, Општина Крива Паланка ја организира манифестацијата „ПИВТИЈАДА”. За прв пат манифестацијата е организирана 2010 година. Настанот се одржува на 19 јануари на плоштадот во Крива Паланка, по завршување на церемонијата на фрлање на крстот во водите на Крива Река.

 

Невестинско поклонение

НЕВЕСТИНСКО ПОКЛОНЕНИЕ

Традиционална културната манифестација „Невестинско Поклонение“ во црквата св.Теодор Тирон во село Конопница .

Станува збор за возобновен традиционален обичај, каде младите невести заедно со своите свекрви, облечени во автентични носии на нивните предци, се поклонуваат пред светецот Тирон, оживувајќи го обичајот и продолжувајќи ја традицијата.

Целта на манифестацијата „Невестинско поклонение“ е да го негува и развива културниот и духовниот идентитет на кривопланечкиот регион и село Конопница и воедно да прерасна во вистинска туристичка атракција и културен бренд на општината.

Манифестацијата се организира од страна на локалната самоуправа на општина Крива Паланка во соработка со НУ Центар за култура-Крива Паланка, ЛУ Градски музеј, Кривопаланечкото архиерејско намесништво на Македонската православна црква, ЗГ „Патник“, а со подршка на месната заедница и жителите на село Конопница.

 

Конкурс за карукатура

МЕЃУНАРОДЕН КОНКУРС ЗА КАРИКАТУРА „НЕВЕСТИНСКО ПОКЛОНЕНИЕ“

Меѓународниот конкурс за карикатура „Невестинско Поклонение“ е аторски проект на хералдичарот Стојанче Величковски,  што се реализира преку РЗР„Патник“ и во соработка со општина Крива Паланка.

Првиот Конкурс е реалииран во рамките на манифестацијата “Крива Паланка – Град на Културата – 2013“ и воедно, како таков е единствениот во светот кој директно е поврзан со „жива манифестација“ која го негува нематеријалното културно наследство со акцент на односите во семејствот,о особено на односот снаа-свекрва. И токму затоа, конкурс за карикатура „Невестинско Поклонение“ привлекува огромен интерес кај карикатуристите во светот, кои досега твореле на темите „Односот снаата – свекрвата“ „Мажот како колатерална штета во односот сваа-свекрва“ „Бракот пред и потоа“ “Свадвените обичаи во светот“ итн…

Конкурсот е дел од годишната програма културна програма на Општина Крива Паланка и е функција на промоција на нематеријалното културното наследство на кривопаланечко и културната манифестација “Невестинско Поклонение”.

На конкурсот се доделува трофејот „Невестулка“, специјална Плакета за најдобра колекција, како и медали и признанијата на наградените автори.

Манифестацијата преставува значаен културен афирматор на Република Северна Македонија на глобално ниво, а на Меѓународниот конкурс земале учество реномирани автори од повеќе од стотина земји во светот од сите континенти.

 

Првоаприлско дефиле

ПРВОАПРИЛСКО ДЕФИЛЕ

Денот на шегата 1-ви Април во Крива Паланка се одбележува со организација на разиграно “Првоаприлско дефиле под маски“.

Стотица дечиња од градинката и основните училишта од градот,  дефилираат низ главната улица и централниот градски плоштад, претставувајќи ги своите оригинални издработки на маски и костими од нивните омилени ликови од цртаните филмови.

По повод Денот на шегата, Општина Крива Паланка организира и богата културно-забавна програма со кловнови, жонглери, музика со настап на хорот „Златно славејче“ и  игра и смеа за сите учесници.

 

Велигденска традиција

ВЕЛИГДЕНСКА ТРАДИЦИЈА

 

 

Ден на европа

ДЕН НА ЕВРОПА – ДЕН НА ПОБЕДАТА

 

 

Ден на просветата и културата

СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – ДЕН НА ПРОСВЕТАТА И КУЛТУРАТА

Манифестацијата „Ден на просветните работници„ се организира веќе неколку годиди наназад на 24 мај, Денот на сесловенскикте просветители Кирил и Методиј. На манифестацијата и претходи избор на „Најдобар просветен работник во градот“ предложен од колегите и учениците од двете основни и средното училиште во градот и „најдобар ученик “ поединечно од ООУ Илинден, ООУ Јоаким Крчовски и СОУ Ѓорче Петров. На свечената академија организирана од просветните работници од споменатите училишта се доделуваат плакети за најдобрите во двете категории.

 

Распеано симитче

ДЕТСКИ ФЕСТИВАЛ „РАСПЕАНО СИМИТЧЕ“

„Распеано симетче“ е најновиот фестивал со модерен аранжман на детски песни што ја гради музичката култура кај најмладите во Крива Паланка. Целта на фестивалот е популаризација на детската песна и културата со учество на локални и регионални автори и квалитетна музичка продукција.

Фестивалот  го организира Центарот за аудиовизуелни уметности, со покровителство и финансиска поддршка на Општина Крива Паланка и Министерството за култура.

Преку реализација на овој детски музички фестивал, Општина Крива Паланка ја поддржува локалната музичка продукција, локалните музички автори, композитори, аранжери и текстописци, сниматели и младите изведувачи.  А тоа е она што го прави единствен и вреден овој фестивал, кој е бренд во музичката продукција за млади таленти.

Трилатерална погранична средба „Краиште“

ТРИЛАТЕРАЛНА ПОГРАНИЧНА СРЕДБА КРАИШТЕ

 

 

Кривопаланечно културно лето

КРИВОПАЛАНЕЧКО КУЛТУРНО ЛЕТО

 

 

ЏОЈ ФЕСТ

„ЏОЈ ФЕСТ“ МУЗИЧКИ ФЕСТИВАЛ

 

 

Меѓународен фолклорен фестивал

МЕЃУНАРОДЕН ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ „СВЕТИ ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ“

Интернационалниот фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ се одржува во Крива Паланка на 25, 26 и 27 август. Организацијата на фестивалот, кој вклучува дефиле на учесниците и програма на отворено, е во надлежност на Општината и Центарот за култура од Крива Паланка.

Во претходните изданија на фестивалот имаше учесници од Македонија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Турција, Босна и Херцеговина, Кипар, Романија со тенденција да се зголеми бројот на надворешните учесници во наредните изданија.

 

Ликовна колонија

ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „СВЕТИ ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ“

Ликовната колонија „Свети Јоаким Осоговски“ се одржува секоја година од 5 до 20 септември, почнувајќи од 5 септември 1987 година. Подршката што ја доби оваа ликовна манифестација од Неговото Високо Преосвештенство митрополитот полошко-кумановски, Господин Кирил, значеше отварање на портите на манастирот Св. Јоаким Осоговски за уметноста и за неистражените форми на духот. Почетокот беше означен како возобновување на осум века старата традиција на манастирот како културен, едукативен и духовен центар.

Од 1993 година колонијата се здоби со интернационален статус со што се овозможи пулсирање на различни култури и традиции, на различни уметнички пристапи и стилски ракописи.

 

Меѓународен детски фолклорен фестивал

МЕЃУНАРОДЕН ДЕТСКИ ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ

Именувањето на фестивалот е по автентично оро „Паланечка Тројка”, кое како такво е регистрирано во ернокореолошките видео записи на американскиот фолклорист Роберт Хенри Либман во 1972 година, на Балканскиот фолклорен фестивал во Охрид. Целта на фестивалот е да ја поттикне и развива љубовта кон фолклорот кон најмладите, како и да ги сочува и негува богатите традиции на локалниот фолклор и мелос и истите да ги презентира во земјата и странство. На фестивалот учествуаат детски фоллклорни групи  од земјата и од странство (деца на возраст од 9 до 14 години). Манифестацијата започнува со свечено дефиле низ градот на учесниците- фолклорните групи и ансамбли а надигрувањето е на плоштадот „Карпошово Востание”.

Време на одржување – средината на јуни.

Осоговска староградска вечер

„ОСОГОВСКА СТАРОГРАДСКА ВЕЧЕР“

Целта на културната манифестација „Осоговска староградска вечер” е да ги негува богатите традиции и односот на кривопаланчани кон староградската песна олицетворени во возобновениот староградски хор ,,Распеани Кривопаланчани”. На манифестацијата гостуваат староградски хорови и музички групи од земјата и од странство. Со свои изведби досега на манифестацијата настапиле староградските хорови од Берово, Делчево, Радовиш , Штип, Свети Николе, Гевгелија и други градови. Место на одржување на манифестацијата – плоштад „Карпошово востание” (пред зградата на општината). Организатор на манифестацијата е Здружението ,,Распеани Кривопаланчани” со подршка на Општина Крива Паланка.

 

Музички вечери

МУЗИЧКИ ВЕЧЕРИ

т

 

Меѓународен театарски фестивал

МЕЃУНАРОДЕН ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ „СВЕТИ ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ“

Општина Крива Паланка во соработка o Центарот за култура и манастирот Св. Јоаким Осоговски, во рамките на своите програмски определби за промоција на потенцијали преку развој на културата, организира Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“. Фестивалот се одржува традиционално секоја година од 15 до 22 септември.

На првото фестивалско издание, во 2009 година, настапија Културен Центар Скрб и Утеха и НТ Ј.Х.К. Џинот од Велес, Република Македонија; Народен театар Стерија, Вршац, Република Србија; Општински драмски театар Невена Кокалова, Дупница, Република Бугарија; Општински драмски театар Ќустендил, Република Бугарија; и Драмско студио при НУ Центар за култура Крива Паланка, Република Македонија.

 

Наива / Креатива

НАИВА / КРЕАТИВА

Т

 

Есенски музилки вибрации

ЕСЕНСКИ МУЗИЧКИ ВИБРАЦИИ

 

Големина на фонт
Контраст