Совет

Советот на Општина Крива Паланка е претставнички орган и го сочинуваат 19 (деветнаесет) членови на Советот, како претставници на граѓаните, избрани на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање.

Совет на Општина Крива Паланка 2021- 2025

ПРЕТСЕДАТЕЛ

 1. ИЗАБЕЛА ПАВЛОВСКА, Политичка партија: СДСМ
[email protected]

СОВЕТНИЦИ

2. МИХАИЛ ДЕЈАНОВСКИ, Политичка партија: СДСМ
[email protected]

3. ТАЊА ДЕЈАНОВСКА МИТРОВСКА, Политичка партија: СДСМ
[email protected]

4. СРЕТИМИР НИКОЛОВСКИ, Политичка партија: СДСМ
[email protected]

5. НИКОЛА ЈАКИМОВСКИ, Политичка партија: СДСМ
[email protected]

6. АЛЕКСАНДРА ЈОВАНОВИЌ, Политичка партија: ВМРО-НП
[email protected]

7. МЕРИ МИТРОВСКА ЈОВАНОВСКА, Политичка партија: СДСМ
[email protected]

8. ВЛАТКО РИСТОВСКИ, Политичка партија: НСДП
[email protected]

9. МАРТИН ПОЦЕВСКИ Политичка партија: СДСМ
[email protected]

10. БИЛЈАНА КРСТЕВСКА, Политичка партија: СДСМ
[email protected]

11. ДАНИЕЛ АНЃЕЛОВСКИ, Политичка партија: СДСМ
[email protected]

12. ДАНЕ МИЛОШЕВСКИ, Политичка партија: ДОМ
[email protected]

13. ЕМИЛ СПАСОВСКИ, Политичка партија: ВМРО-ДПМНЕ
[email protected]

14. ВИОЛЕТА СТАНКОВСКА СТАНОЈКОВ, Политичка партија: ВМРО-ДПМНЕ
[email protected]

15. ВЛАТКО РИСТОВСКИ, Политичка партија: ВМРО-ДПМНЕ
[email protected]

16. ЛЕНЧЕ ИЛИЕВСКА, Политичка партија: ВМРО-ДПМНЕ
[email protected]

17. МЕНДЕ РИСТОВСКИ, Политичка партија: ВМРО-ДПМНЕ
[email protected]

18. МОМЕ КРСТЕВСКИ , Политичка партија: ВМРО-ДПМНЕ
[email protected]

19. СЛАВИЦА ПЕТКОВСКА, Политичка партија: ГРОМ
slav[email protected]

Согласно Статутот на Општина Крива Паланка (член 14) Советот на Општината ги врши следните работи:

1. Го донесува Статутот на Општината и други прописи.
2. Донесува Деловник на Советот.
3. Донесува Програма за работа на Советот.
4. Донесува Буџет на Општината и Годишна сметка на Општината.
5. Ја утврдува висината на сопствените извори на приходи за финансирање на Општината, во рамките утврдени со Законот.
6. Донесува Генерален урбанистички план на Општината.
7. Донесува детални урбанистички планови и урбанистичка документација за населено место во Општината.
8. Донесува Програма за уредување на градежно земјиште.
9. Донесува Програма за уредување на сообраќајна сигнализација.
10. Донесува Одлука за регулирање на режимот на сообраќајот.
11. Донесува прописи од областа на заштита за животна средина и природата, локален економски развој, културата, спортот и рекреацијата, социјалната заштита и заштита на децата, образованието, здравствената заштита, противпожарната заштита, во рамките на надлежноста определена со посебен Закон или во согласност со националната програма.
12. Донесува Програма за изградба и одржување на локални патишта и улици.
13. Донесува Програма за јавно осветлување.
14. Донесува Програма за изградба, реконструкција и одржување на локални водоводи.
15. Донесува Програма за одржување и користење на парковите и други јавни површини од локално значење.
16. Го регулира средувањето и одржувањето на гробиштата.
17. Донесува Програма за регулација, одржување и користење на речни корита во урбанизирани делови.
18. Донесува Одлука за јавна чистота.
19. Донесува Одлука за јавниот превоз во градскиот и приградскиот сообраќај.
20. Донесува Одлука за одржување и користење на јавните пазаришта.
21. Го уредува начинот на чистење на оџаците.
22. Го уредува одржувањето на јавниот простор за паркирање на возила и начинот на негово користење.
23. Определува имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти од локално значење.
24. Ја утврдува организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација, на предлог од Градоначалникот.
25. Основа јавни служби и врши надзор над нивната работа.
26. Именува членови во управните одбори на јавните служби кои ги основа.
27. Усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби, кои ги основа.
28. Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење во согласност со Законот.
29. Ги усвојува извештаите за работа и годишните сметки на јавните служби, кои ги основа.
30. Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на Општината.
31. Одлучува за начинот на вршење финансиска контрола на Буџетот на Општината, во согласност со Законот.
32. Го избира лицето кое раководи со Подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во Општината, во согласност со Законот.
33. Го разгледува и усвојува Годишниот извештај за јавна безбедност на подрачјето на Општината, кој го доставува до Министерството за внатрешни работи и Народниот правобранител, може да дава препораки на раководното лице на подрачната единица на Министерството за внатрешни работи од областа на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот.
34. Избира и разрешува претседател на Советот.
35. Формира постојани и повремени комисии.
36. Врши одделни овластувања во согласност со Закон врз добрата од општа употреба и врз природните богатства на подрачјето на Општината.
37. Воспоставува општински награди и признанија.
38. Дава мислење по предлог закони кои се однесуваат на Општината.
39. Врши други избори и именувања од својата надлежност.
40. Донесува други одлуки за работа од своја надлежност.
41. Врши и други работи утврдени со Закон.
Големина на фонт
Контраст