Јавен повик за пријавување на физички лица сопственици на сместувачки капацитети

ЈАВЕН ПОВИК
За пријавување на физички лица сопственици на некатегоризирани сместувачки капацитети до 20 легла и категоризирани сместувачки капацитети до 20 легла со категоризација постара од 3 години, кои функционираат на територијата на Општина Крива Паланка

Согласно  член 4–а став 2 од Законот за угостителска дејност („Службен весник на Република Македонија” бр. 62/04, 89/08, 115/10, 53/11, 141/12, 164/13, 187/13, 166/14, 199/14, 129/15, 192/15, 39/16, 53/16 и 71/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 31/20) и член 205 од Законот за општа управна постапка на РМ (Сл. весник бр. 38/05), Општината врши упис во регистарот за угостителска дејност од мал обем и издава решение за извршена категоризација на угостителските објекти за сместување од мал обем .

Рок за пријавување: 30 дена од денот на објава на јавниот повик, не подоцна од 22.04.2024 година.

По истекот на рокот општината во соработка со надлежните институции по пат на пребарување на огласи, реклами, објави во социјални медиуми како и пребарување на најчесто користените платформи :

booking.com; Edreams; AirBnb; Tripadvisor; Expedia; Skyscanner; Viator; Google Maps итн.

ќе пристапи кон соодветно евидентирање на некатегоризирани сместувачки капацитети согласно законските норми.

Упатство за пријавување:

  • Барање за упис во Регистарот на Физички лица кои вршат угостителска дејност;
  • Пријава до Државниот пазарен инспекторат за исполнети минимално- технички услови;
  • Доказ за сопственост доколку се работи за физички лица кои вршат угостителски услуги за сместување во куќи, апартмани и соби;
  • Доказ за сопственост, или доказ за правото на користење, доколку се работи за селски домаќинства во кои се даваат услуги на издавање соби и апартмани и
  • Доказ за платена административна такса во износ од 50 денари.

Целта на оваа активност е да се придонесе во продлабочување на соработката помеѓу локалната самоуправа и локалниот угостителско-туристички сектор со цел развој на туризмот во Општина Крива Паланка преку збогатување на туристичката понуда во делот на развој на угостителска дејност за сместување од мал обем.

Воедно, ги охрабруваме сите заинтересирани сопственици на објекти во Крива Паланка, погодни за преадаптација во куќи, апартмани и соби за сместување од мал обем да се пријават на контактите подолу за термин за консултации и да се запознаат со минимално-технички услови за горенаведената инвестиција и за можностите и придобивките од таквата инвестицијата.

Лице за контакт:
Сашко Додевски
Виш соработник за планирање и следење на локален економски развој и туризам
[email protected]
075/365-417

         ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник,
Сашко Митовски

Големина на фонт
Контраст