Спорт

Фудбал за сите

СПОТРСКА МАНИФЕСТАЦИЈА „ФУДБАЛ ЗА СИТЕ“

Во месец август на Градскиот стадион во Крива Паланка Фудбалската академија „Фудбал за сите“ и „ТАКТ“ а преку Програмата за развој на спорт се приреди изненадување на околу 240 учесници на фудбалската школа. Интересот беше голем и кај девојчињата и момчињата, а уште поголем кај спортистите волонтери кои ја подржуват оваа манифестација.

 

Стипендии за спортисти

СТИПЕНДИИ ЗА УЧЕНИЦИ СПОРТИСТИ ВО ИНДИВИДУАЛНИ СПОРТОВИ И УЧЕНИЦИ СПОРТИСТИ ВО ЕКИПНИ СПОРТОВИ

Општина Крива Паланка доделува по 3000 денари стипендии на четири ученици спортисти во индивидуални спортови и по 3000 денари  стипендии на четири ученици спортисти во екипни спортови. Спортистите треба да се ученици во основните училишта во Крива Паланка и средните училишта во Република Северна Македонија и да се членови на спортски клубови регистрирани на подрачјето на Крива Паланка и регистрирани во национални спортски федерации во Република Северна Македонија.

За доделување стипендии за ученици спортисти општина Крива Паланка објавува јавен повик при што на истиот можат да се јават спортисти кои ги исполнуваат условите наведени во повикот.

 

Крос натпревар

КРОС НАТПРЕВАР ЗА УЧЕНИЦИ И УЧЕНИЧКИ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА  И СРЕДНОТО УЧИЛИШТЕ ВО КРИВА ПАЛАНКА

Овој крос кој се приредува по повод денот на Европа, 9- ти мај, е од натпреварувачки карактер и се одвива по должината на главната улица со старт од спортскиот комплекс во Крива Паланка, а целта е до градскиот плоштад и е во органицација на општина Крива Паланка, во соработка со Училишните спортски клубови  и Еurope House Крива Паланка, при што истиот е збогатен со пригоден хепенинг.

 

Првомајски турнир во мал фудбал

ПРВОМАЈСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ

За подршка на фудбалската игра, за сплотеност и насоченост кон една спортска мисла, за полни трибини и исполнети срца, Општина Крива Паланка дава подршка на спортот, инвестира во спортот и воведува традиционален првомајски турнир во мал фудбал кој се одржува во спортската сала „Бранители 2001“.

 

Турнир во мал фудбал

ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ

Во организација на Општина Крива Паланка, а во соработка со Здружението на членови на фамилии на загинати припадници на вооружени сили – Херои на македонија 2001-2015 во периодот мај-јуни во спортската сала „Бранители 2001“ ќе се одржува турнир во чест на загинатите бранители.

 

Џип рели

ЏИП РЕЛИ НИЗ „ОСОГОВСКИТЕ ПЛАНИНИ“

 

 

Поддршка и унапредување на спортот

ПОДДРШКА И УНАПРЕДУВАЊЕ НА СПОРТОТ, СПОРТСКИ КЛУБОВИ И ЗДРУЖЕНИЈА ЗА 2023 ГОДИНА

  • Кик-бокс Клуб „Патриот Спорт“
  • Карате Клуб „Шампион“ Крива Паланка
  • Извиднички одред „Наум Наумовски Борче“
  • Клуб во мал фудбал „Осогово 2022“
  • ФК Академија „Осогово 2022“
  • Пинг понг клуб „Крива Паланка 2007“
  • Пинг понг клуб „Крива Паланка“
  • Кошаркарски Клуб „Крива Паланка“
  • ЗПСК „Руен“ Крива Паланка
  • МОТО КЛУБ „ОФ РОУД ЕКСТРИМ“ Крива Паланка
  • Спортско рекреативен клуб „МРЕНА“
  • Јога Студио „Сонце“

 

Големина на фонт
Контраст