Општина Крива Паланка објавува Јавен повик за прибирање на пријави за финансиска поддршка за реализација на мерка-Летување на деца од социјално загрозени семејства во лоша финансиска состојба

Општина Крива Паланка објавува Јавен повик за прибирање на пријави за финансиска поддршка за реализација на мерка-Летување на деца од социјално загрозени семејства во лоша финансиска состојба врз основа на Програмата  за социјална детска и здраствена заштита за 2024 година со број 09-5981/3 од 25.12.2023 година и број 09-628/37 од 14.02.2024 година.

Рокот за поднесување на пријавите е 15  дена од денот на објавување  на Јавниот повик.

На Јавниот повик имаат право да учествуваат: здруженија на граѓани, фондации, како и други правни субјекти (организации) што работат во областа на социјалната, детска и здравствена заштита.

Пријавата со целокупната документација треба да се достави во затворен и запечатен коверт на адреса: Општина Крива Паланка, Сектор за правни работи, јавни дејности и поддршка на градоначалникот, Одделение за Јавни дејности, ул.“Свети Јоаким Осоговски“ бр.175, 1330 Крива Паланка.

Изјава за согласност за користење на податоци на здружението – 2024
Јавен повик – здруженија
Образец за предлог проект – Одмор и рекреација
Пријава

Големина на фонт
Контраст