Центар за култура

НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА

Националната установа Центар за култура – Крива Паланка е единствена институција од таков тип во општината. НУЦК е средиште на културен живот и место каде што покрај матичните културни содржини се презентираат и културни содржини од други институции и каде што се доближуваат културни вредности од врвни институции од земјата и од странство.

Основната дејност НУЦК  ја остварува низ повеќе содржини. Интернационалната ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски“ во неговата програма имаше централно место до 1999 година, а сега истата е во надлежнот на манастирот Св. „Јоаким Осоговски”.

Во рамките на НУЦК работи културно-уметничкото друштво „Осми октомври“, Литературниот клуб „Калин“, Балетската група за модерен балет, Работна единица на Работничкиот универзитет, како и Драмската секција.

Адреса: ул. Св.Јоаким Осоговски  , 1330 Крива Паланка
Телефон: 031/375 533

Големина на фонт
Контраст