logo
  • Видео Информации

  • Видео пренос од седници на Совет

  • Врз основа на Правилникот за условите, критериумите и правилата за субвенциониран превоз на студенти кои студираат на Државните Универзитети во Штип и Скопје („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр.15/2017  од 28.12.2017 година) Општина Крива Паланка објавува

    КОНКУРС
    ЗА СУБВЕНЦИОНИРАН ПРЕВОЗ НА СТУДЕНТИ КОИ СТУДИРААТ НА ДРЖАВНИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ ВО ШТИП И СКОПЈЕ, А СЕ ЖИТЕЛИ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

     Општина Крива Паланка за 2018 година субвенционира превоз на

    • 10 (десет) студенти кои студираат на Државните Универзитети во Штип и Скопје во Република Македонија
    • Субвенционирањето е со два повратни месечни билети со превоз од АДПТУТ „Пролетер“ АД с. Конопница Крива Паланка

    Услови за доделување на субвенции

    Право на субвенција имаат студентите кои се запишани на Државните Универзитети во Штип и Скопје во Република Македонија и ги исполнуваат следните услови:

    – Општи услови за студенти :

    1. да се жители на општина Крива Паланка
    2. да се редовни студенти
    3. да не повторувале година во текот на студирањето
    4. да се државјани на Република Македонија
    5. во предвид ќе бидат земени апликациите на студенти деца на самохран родител, студенти деца на невработени родители, студенти деца без родители и родителска грижа, студенти деца со посебни потреби и студенти деца на корисници на надоместок по основ на престанок на работен однос од деловни причини за кои вкупните приходи во семејството се под нето минималната плата утврдена во Република Македонија
    6. да не се постари од 25 години

    Критериуми за доделување на субвенции се

    1. Постигнат успех од претходните студиски години од најмалку 8,5
    2. Материјални можности на студентите  и нивното потесно семејство

    Потребни документи за учество на конкурсот

    (Потребни обрасци)

    1. Евидентен лист пополнет од апликантите до комисијата
    2. Потврда за редовен студент
    3. Уверение со број на предвидени и  положени испити од претходни години
    4.  Потврда од плата/чек од пензија за татко/мајка или старател за исплатена плата за последни три месеца, за невработените потврда од Агенција за вработување на Република Македонија дека се невработени или примат/не примат паричен надоместок, додека за другите членови на семејството брат/сестра доколку се ученици или студенти потврда од училиште или факултет
    5. Документ за кандидати-студенти без родители и родителска грижа и студенти кои се категоризирани како лица со посебни потреби
    6. Изјава за семејна положба
    7. Изјава за точни податоци во приложена документација
    8. Изјава за користење на лични податоци
    9. Копија од државјанство на РМ

    Место и рок на поднесување на документи

    Потребните документи се доставуваат до Општина Крива Паланка

    Рокот на поднесување на документи е 01.02.2018 до 28.02.2018 година

    • При поднесување на документи кандидатите потребно е со себе да носат и индекс.
    • Потребните обрасци може да се набават во Општина Крива Паланка или на веб страницата на општината www.krivapalanka.gov.mk
    • Некомплетни ненавремено доставени документи и документите доставени по пошта нема да се разгледуваат.
    • Резултатите ќе бидат објавени во рок од 8 (осум) дена од денот на завршување на конкурсот
    • Резултатите ќе бидат објавени на огласна табла во општина Крива Паланка и на веб страната на општината www.krivapalanka.gov.mk
    • Незадоволните кандидати имат право на приговор во рок од 3 (три) дена од денот на објавувањето на резултатите.
    • Поблиски информации може да се добијат директно во канцеларијата на комисијата или на телефон 031/372-130  076/337-446   070/607-543.

               ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
    Градоначалник
    Борјанчо Мицевски


    Вечерта 19.07.2018 година во Градскиот музеј Крива Паланка со почеток во 20.00 часот беше отворена ретроспективната изложба „20 години аматерско творештво“ на Игор Додевски. Настанот е во организација на Општина Крива Паланка и Градски музеј, а се одржува во рамки на Кривопаланечкото културно лето.

    Градоначалникот Борјанчо Мицевски во свето обраќање пред бројните посетители  истакна дека во рамки на Кривопаланечкото културно лето се предвидени повеќе настани меѓу кои и оваа изложба со што се збогатува културниот живот во општината, се промовираат локалните автори, а воедно упати пофални зборови за делата кои се изложени во рамки на изложбата. Директорот на ЛУ Градски Музеј Драган Величковски дадено воведно излагање за самиот автор и за делата, а самиот автор Игор Додевски се заблагодари на гостите кои со своето присуство ја збогатија изложбата.

    Целиот настан помина во пријатна атмосфера со разгледување и прослава на 20 години ретроспектива на аматерско творештво.


    Во текот на денешнит ден градоначалникот Борјанчо Мицевски оствари работна средба со командантот на Здружената оперативна команда, бригаден генерал Павле Арсоски и неговите соработници од  Армијата на Република Македонија.

    На средбата се разговараше за значењето на соработката помеѓу овие две институции, како и за формите и начините за продлабочувањето и унапредувањето на истата.


    Според Индексот  на активна транспарентност 2018, Општина Крива Паланка е рангирана на петтото место со 73,1% исполнетост на обврските за активно објавување на информации.

    Истражувањето е спроведено од страна на Центарот за граѓански комуникации и содржи рангирање на 97 институции од извршната власт на централно и на локално ниво (министерствата, Владата и општините) според степенот на исполнетост на обврските за проактивно објавување јавни информации (на сопствена иницијатива на институциите).

    Законската основа за активната транспарентност на институциите се наоѓа пред сè во Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, но и во низа други закони како што се Законот за локалната самоуправа, Законот за буџетите, Законот за јавен долг, Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа и др. Освен од регулативата, активната транспарентност произлегува и од практиката, односно кога една институција ги прави достапни до сите граѓани одговорите на прашањата што почесто ги добива во форма на барања за слободен пристап до информации од јавен карактер.

    Информациите за истражувањето се дадени на следниот линк:

    Индекс на активна транспарентност 2018


    Продолжуваат градежните активности на терен кои Општина Крива Паланка ги реализира преку Одделението за изградба и oдржување на комунална инфраструктура и тоа на повеќе локации во градот, како  и приградските и селските населби.

    Во завршна фаза е реализацијата на проектот за реконструкција на дел од водоводната мрежа со замена на азбестно цементните цевки, односно се поставува нов слој на асфалтен коловоз на прекопуваните делови  од улиците и се вршат приклучоци на новопоставената водоводна линија.

    Заврши изградбата, реконструкција или санација на потпорни зидови на повеќе локации, која беше изведена во соработка со месното население и тоа на ул.„Ристена Гогова“, ул. „Климент Oридски“, ул. „8-ми Октомври“, ул. „Осоговска“, пред  т.н. „Маневски мост“ и на други локации, со што се изврши заштита на загрозени индивидуални објекти,  како и на трупот на локалните улици и патишта.

    Преку ЈП Комуналец во тек е  оформување и санација на пешачка патека како врска меѓу ул.„Македонска“ и ул. „Х.Карпош“, во рамките на која се врши и реконструкција и санација на потпорни зидови на одредени делови од патеката.

    Во тек се припремни работи за поставување на нов асфалтен слој на двете пристапни улици непосредно покрај т.н. „Белевски дол“, во населба Белево, а продолжуваат и активностите за крпење на ударни дупки на улици и тротоари на повеќе делови во градот.

    Со градежна механизација се работи и на санација на локални селски патишта во атарот на с. Трново, с.Црцорија, с.Жидилово, с.Варовиште и на други локации кои беа оштетени од поројните дождови во изминатиот период. Оваа активност континуирано ќе продолжи и на други земјани селски патишта према утврдени приоритети, се до крајот на градежната сезона.


    Здружението за поддршка и развој на бизнисот и претприемништвото „Бизнис Клуб“ од Крива Паланка ова лето ги кани најмалите кривопаланчани, како и гостите во градот на игра на отворено.

    Под мотото „Излези да играме“ еднаш неделно се организираат најразлични забавни, спортски и едукативни игри. Традиционалните ластик и кленџик повторно станаа дел од градската улица.

    Кога временските прилики не дозволуваат игрите се организираат во спортската сала „Бранители 2001“

    -Игрите се наменети за деца од сите возрасти. Идејата е најмалите да се отргнат од компјутерите и паметните телефони. Иако првичната замисла беше игрите да се одржуваат на отворен простор, временските прилики во последниов период не ни беа наклонети. Што се однесува до игрите, играме најразлични забавни игри, ластик, игри со топка, популарната традиционална „кленџик“. Организираме игри за повозрасни дечиња со натпреварувачки карактер, едукативни и логички игри… Ги групираме децата според возраста и го одредуваме соодветно типот на игрите,  вели Сузе Вучковска, задолжена за организација на детските игри.

    -Активностите за игри на најмалите кривопаланчани ќе продолжат во текот на целото лето. Летниот распуст и пријатната клима во нашиот крај се идеални за дружба на отворено. Досега сите настани на кои учествуваа децата преминаа во вистински незаборавни доживувања. Улицата има некоја посебна магија кога на неа се слуша детскиот џагор. Едноставно воздухот е преполн со смеа. Се радуваат и дечињата и нивните родители и баби и дедовци, но и случајните минувачи. Задоволни сме бидејќи нашата идеја беше да ги мотивираме децата да се дружат, да се забавуваат, да научат нешто ново, бидејќи верувајте дел од новите генерации на деца ниту имаат слушнато, ниту знаат за традиционалните улични игри со кои пораснаа нивните родители, вели Андријана Ивановска Давитковска, која е иницијатор на проектот.

    Проектот е поддржан од локалната самоуправа на Крива Паланка, а игрите се бесплатни за сите деца.


    Здружението „Центар за аудиовизуелни уметности“ сп поддршка на Општина Крива Паланка, распишува конкурс за избор на детски песни за фестивалот „„Распеано симитче 2018“. Фестивалот ќе се одржи во втората половина на месец октомври и ќе донесе 15 нови детски песни. 


    Министерството за труд и социјална политика во соработка со УНИЦЕФ ја започна кампањата „На секое дете му треба семејство“, која денес се промовираше во општина Крива Паланка, а која има за цел да ги поттикне граѓаните да станат згрижувачи на деца без родителска грижа, односно деинституционализација на поголемите државни центри за заштита на деца без родители и родителска грижа.
    Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски ги поздрави претставниците на Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ, како и прусутните граѓани и изрази голема и безрезервна поддршка на кампањата „На секое дете му треба семејство“ .
    – Како градоначалник и како родител изразувам безрезервна поддршка на оваа иницијатива и кампања, зошто децата се најголемото богатство на едно општество, неговата иднина и неговата судбина. Оттука грижата за најмладите е еден од главните приоритети и обврски на секое општество не само од аспект на обезбедување на подобар кавалитет на живот или подобро образование, туку и пренесување на вредности кои ќе овозможат изградба на силни индивидуи кои во иднина ќе претставуваат силен социјален капитал, кој може да овозможи стабилен развој на македонското општество.
    Семејството како основна структурна единица, меѓудругото претставува и основен агенс во процесот на социјализацијата на децата и оттука и непостои соодветна замена за топлината, емоционалната поддршка и сигурност, која што може да ја пружи само семејството, а која што е клучна за павилен психо-физички развој на децата, изјави пред присутните градоначалникот Мицевски.
    На крајот од своето обраќање градоначалникот Мицевски ги повика сите граѓани да се придружат кон иницијативата, да станат згрижувачи на деца без родителии и на тој начин да обезбедат, не само подобра иднина за децата, туку и за себе и за својата заедница.
    Целта на кампањата е да се поттикне поддршка за алтернативна грижа за децата, наспроти сместувањето во големи институции и да даде поддршка, да се стави крај на сместувањето деца помали од три години во големи институции до 2020 година.
    Се планира да преку процесот на деинституционализацијата, до 2020 година сите деца на возраст од 0 до 3 години, да бидат извлечени од институциите и да бидат сместени во мали групни домови, згрижувачки семејства или друга форма на соодветно сместување.
    Во моментот над двеста деца – бебиња помали од три години, деца со попреченост и деца кои се одделени од своите родители поради злоупотреба или насилство – се згрижени во големи институции во Р.Македонија
    Претставникот од МТСП рече дека, во текот на наредниот период ќе се организираат отворени денови во триесет града преку локалната самоуправа, центрите за социјална работа и СОС Детско село, за да им се даде на граѓаните низ целата земја можност, да дознаат повеќе и да станат згрижувачки семејства.

    Заинтересираните граѓани за повеќе информации може да се обратат во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Крива Паланка. 


    Градоначалникот Борјанчо Мицевски денес оддржа редовен координативен состанок со претставниците од Локалниот  совет за превенција во општина Крива Паланка.

    Темата на информативно-координативниот состанок беше,  превентивното делување во однос на пожарите кои се јавуваат  во  летниот период.

    Како што рече градоначалникот Мицевски, во превентивниот пристап првично  треба да предвидиме заеднички мерки и  активности  за заштита на белите дробови на општината, а како втор сегмент во кој треба да го насочиме нашето делување, е заштита на шумскиот појас и зелените површини од нелегална сеча на огревно дрво.

    -Локалниот совет за превенција пред се треба да соработува и функционира во интерес на граѓаните и во таа насока, како локални авторитети, сме должни да ја оправдаме довербата, парнерски и меѓусекторски да ги координираме активностите во решавањето на актуелните локални проблеми од безбедносен карактер, а во таа насока е и денешниот состанок, истакна градоначалниот Мицевски.

    На денешниот состанок на Локалниот совет за превенција присуствуваа претставници на Полициска станица од општа надлежност-Крива Паланка,  Регионален центар Север, Регионален центар Исток, Црвен крст, Шумска полиција, ТППЕ Крива Паланка,  ЈП Комуналец, Центар за управување со кризи и Дирекција за заштита и спасување. 

     


    Општина Крива Паланка во соработка со Министерството за култура, НУ Центар за култура, ЛУ Градски музеј и Булмак организира Кривопаланечко културно лето со богата програма и настап на голем број уметници.


    Градоначалникот Борјанчо Мицевски, денес оствари работна средба со министeрот  за транспорт и врски Горан Сугарески и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. На средбата се разговараше за проектите кои тековно се имплементираат  во општината  и она што следува во претстојниот период на инвестициски план.

    Во рамки на посетата, министрите  и градоначалникот Мицевски направија обиколка и увид  на активностите кои се однесуваат на реконструкција на водоводната мрежа во општина Крива Паланка и реконструираниот регионалниот пат  Р 2245  (Крива Паланка – с. Огут).

      -Морам да искажам задоволство пред се од проектот на Министерство за транспорт и врски кој е завршен, во делот на водоводната мрежа во дел од  централното градско подрачје, околу 3 километри каде се заменети азбестно-цементните цевки. Исто така сакам да најавам два проекти за кои општината во Минситерство за траспорт и врски има аплицирано и очекуваме преку министерството до Европска инвестициона банка двата проекти да бидат реализирани.Едниот се однесува во делот на замена на водомери, а вториот за поврзување на водоводна мрежа во дел од општината. Моите очекувања се апликацијата да заврши во најбрз можен рок, средствата од ЕИБ да бидат одобрени, така што за очекување е двата проекти наскоро да отпочнат со имплементација во оваа општина, истакна Сугаревски.

    Градоначалникот Мицевски пред присутните изјави дека, добрите политики кои беа креирани во изминатиот период, се имплеменитирани и на локално ниво. Во минатото овој патен правец беше во многу лоша состојба со намалена безбедност во сообраќајот и отежнато движење на моторните возила. Сега со задоволство можеме да констатираме дека регионалниот пат е целосно реконструиран со што се подобрија условите за патување, комуникација и севкупно се подобри животот на голем број граѓани кои тука секојдневно минуваат.

     -За само еден месец во Крива Паланка се инвестирани околу 30 милиони денари, од кои дел за замена на азбестните цевки и подобрување на водоводниот систем во градот, а второ и во патната инфраструктура се инвестирани 15 милиони денари. Тоа е само пресек на сето направено во изминатите денови, а на денешната средба се разговараше и за сето она што како крајна перспектива ќе биде направено во овој регион. Она што е како глобална политика во регионот, разговаравме што ќе се вметне за имплементација во 2019 година. Овој пат е последен пат асфалтиран  во 1982 година, што не смее да се повтори во нареднито период, да не може да се инвестира во нов асфалтен слој 3 децении, а на ова треба во иднина многу повеќе да се работи, за подобрување и на патната инфраструктура и подобрување на бизнис климата со што ќе се запрат и миграциите и во општината ќе создадеме подобри места за живеење,   истакна Мицевски.

    Министерот Николовски истакна дека како член на Економскиот совет на премиерот, благодарен е  за поддршката на Економскиот совет и на ниво на Влада каде се носат клучните одлуки, за поддршката која ја добиваат од минстерот Сугаревски и министерството за крупните проекти кои се поддржни во овој регион.

    -Правевме се да се забрза експресниот пат Ранковце-Крива Паланка, се работи на ретендерирање на втората фаза на делницата за железнинцата, а се одобрени и дополнителни 70 милони евра грант, со што е заокружена и постапката на финансирање. Работиме на третата фаза и  за други крупни проекти за овој регион, зашто се пред се  од интерес на граѓаните, рече Николовски.


    Големина на фонт
    Контраст