Општина Крива Паланка
Соопштение за граѓаните - Поклонение на Св.Теодор Тирон
Почитувани сограѓани,
По повод претстојниот христијански празник ,,Св. Теодор Тирон“, Општина Крива Паланка и НУ Центар за Култура во соработка со МПЦ, ја организираат манифестација „Поклонение на Св.Теодор Тирон“. Манифестацијата ќе се одржи на 04.03.2012 (недела) во дворот на црквата Св.Теодор Тирон во с.Конопница.
Дневен ред на 38-та седница на СоветотВрз основа на член 35 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр. 5/08), претседателот на Советот на Општина Крива Паланка свикува 38-та седница на Советот на Општина Крива Паланка за 27.01.2012 година (петок) во 14,30 часот. Седницата ќе се одржи со следниот Дневен ред:
Започна нумерирање на објектитеОпштина Крива Паланка започна со нумерирање на објектите согласно Законот за дополнување на законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти (Сл. весник на РМ бр.136/2011).Согласно член 17 од наведениот закон сите објекти во градот кои се означени со букви (бб) ќе добијат соодветен број.
|
Отсечени дел од планинските села во КривопаланечкоОпштина Крива Паланка преку надлежните служби вложува огромни напори да се справи со исклучително лошата состојба на патиштата во ридско-планинските предели после обилните врнежи од снег. И покрај тоа дел од селата во високите реони се комплетно одсечени и изолирани поради големи наноси на патиштата.
Интерно професионално усовршување во ученичкиот дом „Боро Менков’Во рамките на планот за интерно професионално усовршување на воспитен кадар во Општински ученички дом „Боро Менков“ од Крива Паланка на 20.01.2012 година се одржа работилница на тема „Изработка на ученички проекти преку СИВАП методологија“.
|











