Известување до куќните совети во општина Крива Паланка

Почитувани,

Согласно на  Законот за домување (Службен Весник на Р. Македонија бр.99/09 и 57/2010) од страна на сопствениците на посебните делови на зградите, потребно е да  се регулира управувањето со станбените згради, односно работите на управувањето да ги врши управител или да се изврши регистрација на заедница на сопственици.

За реализација на оваа активност е потребно од страна на сопствениците на посебните делови на станбените згради да се донесе Статут на заедница на сопственици, како и да се преземат други соодветни дејствија и да се подготват други документи.

Затоа Ве известуваме дека сите потребни образци за регистрација на заедницата на сопствениците се истакнати на огласната табла на Општината Крива Паланка, истите можат да се преземат од интернет страната на општина Крива Паланка http://www.krivapalanka.gov.mk, односно примероци од нив можете да ги подигнете во канцеларија бр.  2  при Општината Крива Паланка.  

Со почит,    

         

Општина Крива Паланка

Градоначалник,

Арсенчо Алексовски

 

Потребни обрасци за регистрација на заедница на сопственици:

Закон за домување

Закон за изменување и дополнување на Законот за домување

Соопштение за собир на сопственици

Покана за собир на сопственици

Записник од собир на сопственици

Предлог одлука за основање на заедница

Предлог одлука за донесување на статут

Статут на заедница на сопственици

Договор за взаемни односи

План за одржување

Куќен ред