Jавен повик за граѓански организации од Oпштина Kрива Паланка за поднесување на предлог проекти на здруженија и фондации со седиште во Општина Крива Паланка

Врз основа   на член  14 став 1 точка 40 и точка 41 од Статутот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина  Крива Паланка бр. 08/2010, 08/2014, 02/2018, 03/2019 и 08/21) и согласно со Одлуката за усвојување на ЛОД Методологијата за распределба на јавни средства на ГО („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр.14/21) и Програмата за поддршка на здруженија и фондации за 2023 година бр. 09 – 4665/27 од 07.12.2022 година („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр.14/22), Општина Крива Паланка, на ден 10. 03. 2023 година објавува:

ЈАВЕН ПОВИК ЗА  ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ОД ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
за поднесување на предлог проекти на здруженија и фондации со седиште во Општина Крива Паланка

Финасиските средства предвидени со Програмата за поддршка на здруженија и фондации за 2023 година бр. 09-4665/27 од 07.12.2022 г. ќе се доделуваат на здруженија и фондации согласно развојните цели на Општина Крива Паланка, во кои се опфатени следните приоритетните области: Економски развој, Туризам, Образование, Заштита на животна средина, Социјална и здравствена заштита, активностите за креирање и имплементација на младински политики и потреби и информатичко општество.

Финансиските средства од Буџетот на Општина Крива Паланка за 2023 година, кои се предвидени во Програмата за поддршка на здруженија и фондации за 2023 година – Трансфер до НВО од Буџетот на Општина Крива Паланка, се во вкупен износ од 500.000,оо (петстотини илјади денари).

Буџетите за предлог проектите со кои ќе се аплицира на овој јавен повик треба да изнесуваат најмалку 50.000,оо (педесет илјади) денари, а најмногу 200.000,оо (двесте илјади) денари, по предлог проект.

Општина Крива Паланка го задржува правото да не ги додели расположливите средства доколку предлог проектите не ги исполнуваат зададените критериуми. Проектите може да бидат со времетраење до 7 месеци, односно проекти ќе мора да се спроведат најдоцна до 15-ти  ноември 2023 година.

ПОДОБНОСТ:
Учеството на овој јавен повик е отворено за сите формално регистрирани граѓански организации (асоцијации/организации или фондации) на територија на општина Крива Паланка, согласно со Законот за здруженија и фондации, со исклучок на спортските клубови и културно-уметничките здруженија и клубови, кои добиле финасиска подршка од Општината за своите програмски и проектни активности и нивните проекти се дел од годишните оперативни програми за Култура и Спорт за 2023 година,

ДОКУМЕНТАЦИЈА:
Ј
авниот повик ќе трае од 10.03.2023 од 7:30 часот) до 25.04.2023 (до 15:00 часот). Сите неопходни информации и електронската верзија од целиот пакет за апликација, може  да се преземат од официјалната општинска веб страница: www.krivapalanka.gov.mk.

Исто така, документацијата за пријавување на јавниот повик на општина Крива Паланка може да се обезбеди преку испраќање на Барање на следната адреса: улица „Св.Јоаким Осоговски’’ бр.175, 1330 Крива Паланка или на е-меил: l[email protected] на кое е наведено името на заинтересираната организација, или лично во општина Крива Паланка, улица: „Св.Јоаким Осоговски’’ бр.175, во Одделението за Јавни дејности, економски развој и информатичка технологија.                                                                    

Информативен ден (отворен ден) за заитересираните апликанти ќе се одржи на ден 16.03. 2023 година, со почеток во 11.30 часот во Голема сала на Општина Крива Паланка.

ПОДНЕСУВАЊЕ АПЛИКАЦИИ
Пополнетите апликации (со целосна документација) мора да се поднесат во две (2) печатени копии и една електронска верзија (на USB), во запечатен плик со назнака за јавниот повик, по препорачана пошта или лично, во работни денови (понеделник-петок), од 08:00 до 15:00 часот на следната адреса:

Општина Крива Паланка
ул. Св. „Јоаким Осоговски“ бр. 175
1330 Крива Паланка

Апликациите кои ќе бидат поднесени по овој краен рок ќе бидат разгледани само доколку на поштенската марка стои датум и време на испраќање пред официјалниот краен рок. На надворешната страна на пликот мора да стои името на повикот за поднесување предлог проекти, целосното име и адреса на подносителот, целосниот назив на проектот и назнаката „Да не се отвора пред официјалното отворање”. Општинскиот службеник ќе издаде потврда за прием на поднесените документи.

Сите подносители на предлог проекти, независно дали истите се прифатени или одбиени, ќе бидат известени во писмена форма за одлуката во врска со нивниот предлог проект во рок од 15 работни дена од затворањето на јавниот повик. Резултатите исто така ќе бидат објавени на општинската веб страница: www.krivapalanka.gov.mk и на општинската огласна табла.

Предлог проект
Предлог буџет
Логичка рамка
План на активности и видливост
Формулар-со-административни-податоци
Формулар со финансиски податоци
Изјава за подобност
Изјава за двојно финансирање
Листа за проверка
Насоки за подносители
Најчести грешки од претходни јавни повици за ГО

Големина на фонт
Контраст