Дневен ред на 40-та седница на Советот на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 40-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 31.05.2024 година (петок ) во 12 ,00 часот.

Д н е в е н    р е д:

Усвојување на записниците од 39-та седница

1. Предлог – Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Крива Паланка К1 , К2 и К3 за I квартал за 2024 година;
2. Предлог-Одлука за давање согласност на годишниот план за вработување за 2025 година на ООУ „ИЛИНДЕН“ КРИВА ПАЛАНКА “;
3. Предлог- Одлука за давање согласност на годишниот план за вработување за 2025 година на ООУ „ЈОАКИМ КРЧОВСКИ“ КРИВА ПАЛАНКА;
4. Предлог – Одлука за давање согласност на годишниот план за вработување за 2025 година на СОУ Ѓорче Петров Крива Паланка ;
5. Предлог – Одлука за давање согласност на годишниот план за вработување за 2025 година на ОЈУДГ Детелинка Крива Паланка;
6. Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за образование за 2024 година;
7. Предлог-Одлука за давање на согласност за трансфер на средства на други субјекти за реализација наактивности предвидени со Програмата за активностите на Општина Крива Паланкаво областа на културата и културните манифестации за 2024 година;
8. Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за социјална, детска и здраствена заштита за 2024 година;
9. Предлог –Одлука за доделување на еднократна парична помош на семејства со прваче во учебната 2024/2025 година на територијата на Општина Крива Паланка;
10. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства на ОО Црвен Крст-Крива Паланка за реализација на програмска активност „Ваучер за купување на гардероба на лица корисници на услугата на Дневен ценатар за лица со интелектуална и телесна попреченост и лица во згрижувачки семејства евидентирани во ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи-Крива Паланка“;
11. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за одобрување на финансиски средства на ОО Црвен Крст-Крива Паланка за реализација на програмска активност „Обезбедување на обука на невработени лица за лична/персонална асистенција и неговател/ка за помош и нега на стари лица“
12. Предлог-Одлука за определување на максимален број на субвенции и максимален износ на средства за доделување на поединечна субвенција за млади невработени лица жители на Општина Крива Паланка за купување на дигитален уред за 2024 година;
13. Предлог-Одлука за давање на согласност за подготовка, аплицирање, имплементација и одржливост на проектот,, Прекугранична атрактивност – смарт туризам во регионот на Ќустендил – Крива Паланка – Невестиноʺ;
14. Предлог- Одлука за кофинансирање на проект „Регулација на дел од Куков Дол“, Општина Крива Паланка;
15. Предлог-Решение за разрешување на членови на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Крива Паланка;
16. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови Општина Крива Паланка за 2024 година;
17. Предлог – Одлука за формирање на организациона структура за изработка и спроведување на Локален акционен план за животна средина (ЛЕАП) на Општина Крива Паланка
18. Предлог- Одлука за прифаќање на иницијативата за изменување на Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка;
19. Предлог-Одлука за изменување на Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка.

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Изабела Павловска с.р

Големина на фонт
Контраст