Дневен ред на 37-та седница на Советот на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 37-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 14.02.2024 година (среда ) во 09,00 часот.

ДНЕВЕН  РЕД

Усвојување на записник од 35 –та седница на совет

1. Предлог-Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина КРИВА ПАЛАНКА за 2024 година;
2. Предлог-Одлука за давање согласност на измената на годишниот план за вработување за 2024 година на ООУ „Св.Јоаким Крчовски„ Крива Паланка ;
3. Предлог-Одлука за усвојување на Извештај за рабата на Јавно претпријатие за дистрибуција на природен гас и енергетски дејности Калин Камен – Крива Паланка за 2023 година;
4. Предлог-Одлука за усвојување на Програмата за работа на на ЈП „ Калин Камен “Крива Паланка за 2024 година;
5. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлука за изменување и дополнување на Статутот на Јавно претпријатие за дистрибуција на природен гас и енергетски дејности Калин Камен бр.02-14/9 од 23.07.2023 година ;
6. Предлог-Одлука за усвојување на финансиски план на ЈП Комуналец Крива Паланка за 2024 година;
7. Предлог-Одлука за усвојување на извештај за реализирани активности по програма за работа на ОСБСП за 2023 година;
8. Предлог – Одлука за усвојување на извештај за реализирани активности по програмата за еднакви можности на жените и мажите за 2023 година на Општина Крива Паланка ;
9. Предлог-Одлука за усвојување на Извештајат за реализирани активности по програмата за активностите на Општина Крива паланка за подршка на граѓанските здруженија во 2023 година ;
10. Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за реализирани активности по Програмата за локален економски развој за 2023 година ;
11. Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за реализирани активности по Програмата за млади наОпштина Крива Паланка во 2023 година;
12. Предлог Одлука за усвојување на извештајот за реализирани активности на Локален младински совет на Општина Крива Паланка за 2023 година;
13. Предлог-Одлука за усвојување на извештај за реализирани активности по Програмата за образование за 2023 година;
14. Предлог –Одлука за усвојување на Извeштај за реализирани активности по Програмата на Општина Крива Паланка во областа на спорт за 2023 година ;
15. Предлог-Одлука за доделување на еднократна парична помош на матуранти запишани во СОУ „Ѓорче Петров“ Крива Паланка во учебната 2023/2024 година ;
16. Предлог- Одлука за давање согласност на предлог-планот за запишување ученици во прва година во Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка за учебната 2024/2025 година;
17. Предлог-Решение за разрешување на член на Управен одбор на ОЈУДГ Детелинка ;
18. Предлог – Одлука за усвојување на извештај за реализирани активности по Програмата за социјална, детска и здраствена заштита за 2023 година;
19. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за социјална, детска и здраствена заштита за 2024 година;
20. Предлог –Одлука за одобрување на финансиски средства за реализација на програмска активност „Еднократна парична помош на деца кои боледуваат од ретки и специфични болести, болест, болнички третмани, хирушки зафати, стари лица и лица во лоша здраствена и економска состојба заради лекување“;
21. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства за реализација на програмска активност „Еднократна парична помош на лица со попреченост, тешка и длабока попреченост (пречки во менталниот развој, аутизам, потполно слепо лице и потполно глуво лице)“;
22. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства за реализација на програмска активност „Обезбедување на обука на невработени лица за лична/персонална асистенција и неговател/ка за помош и нега на стари лица“;
23. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства за реализација на програмска активност „Ваучер за купување на гардероба на лица корисници на услугата на Дневен ценатар за лица со интелектуална и телесна попреченост и лица во згрижувачки семејства евидентирани во ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи-Крива Паланка“;
24. Предлог-Одлука за усвојување на Годишен извештај за реализирани активностите на Општина Крива Паланка во областа на ИКТ во 2023 година;
25. Предлог-Одлука за усвојување на Извештај за реализирани активности по Програмата за култура за 2023 година;
26. Предлог-Одлука за усвојување на извештај за реализирани активности по Програмата за уредување на градежно земјиште за 2023 година за Општина Крива Паланка;
27. Предлог-Одлука за усвојување на извештај за реализирани активности по Програмата за изградба, реконструкција и одржување на јавно осветлување за 2023 година за Општина Крива Паланка;
28. Предлог – Одлука за усвојување на извештај за реализирани активности по Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локална патна мрежа за 2023 година за Општина Крива Паланка;
29. Предлог -Одлука за усвојување на извештај за реализирани активности по Програма за изградба,реконструкција и одржување на локална водоводна и канализациона мрежа во Општина Крива Паланка за 2023 година ;
30. Предлог-Одлука за давање на приоритет за користење на средства од буџетот на Министерство за транспорт и врски за 2024 год. за подршка на имплементација на Декадата и Стратегија за ромите ;
31. Предлог-Одлука за давање на приоритет за аплицирање на проектот „Изградба на канализациона мрежа за дел од с. Конопница“ м.в. Трнци , Општина Крива Паланка;
32. Предлог-Одлука за За давање на приоритет за аплицирање на проектот „Изградба на регулација на дел од Куков Дол“ , Општина Крива Паланка;
33. Предлог – Одлука за усвојување на извештајот за реализирани активности по Програмата за решавање на проблемот со кучиња скитници на подрачјето на Општина Крива Паланка за 2023 година;
34. Предлог-Одлука за усвојување на извештај за реализирани активности по Програмата за превентивна дезинсекција и дератизација во Општина Крива Паланка за 2023 година ;
35. Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за реалирани активности по Програма за уредување на сообраќајна сигнализација за 2023 на подрачјето на Општина Крива Паланка;
36. Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за реализирани активности по Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Крива Паланка за 2023 година ;
37. Предлог-Одлука за усвојување на извештај за реализирани активности по Програмата за животна средина на Општина Крива Паланка за 2023 година;
38. Предлог-Одлука за усвојување на извештај за реализирани активности по Програмата за јавна чистота во Крива Паланка за 2023 година ;
39. Предлог-Одлука за усвојување на извештај за реализирани активности по Програмата за подигање и одржување на урбано зеленило во Крива Паланка за 2023 година ;
40. Предлог-Одлука за определување на име на улици во бесправно изградени населби
во Општина Крива Паланка;
41. Предлог-Одлука за усвојување на Извештај – елаборат за процена и утврдување на висината на штета настаната од природни непогоди и други несреќи на територијатана Општина Крива Паланка;
42. Предлог-Одлука за доделување на финансиски сретства на ОУД „Боро Менков„ за исплата на долг по основ на доспеани а неплатени обврски ;
43. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр. 5264/1во КО Жидилово, Општина Крива Паланка;
44. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за за к.п.бр. 3223 и к.п.бр.3224 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка ;
45. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр. 3223 и к.п.бр.3224 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка;
46. Предлог-Одлука за примање донација

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Изабела Павловска , с.р.

Големина на фонт
Контраст