Известување за втора сесија од буџетскиот форум

Почитувани,

Ве известуваме дека Општина Крива Паланка ја организира  втората  форумска сесија од буџетскиот форумски процес, која ќе се оддржи на ден 17.11. 2023г. (петок) во атриумот на   ООУ ,,Јоаким Крчовски,,  зграда  Партизан со  почеток во 12  часот.

На оваа фоумска сесија граѓаните ќе се запознаат со структурата на буџетот на општина Крива Паланка и проекцијата на приходите на општината за 2024 година, а исто така ќе бидат презентирани расходите на одредени годишни оперативни буџетски програми.

Почнувајќи од 7-ми ноември  заклучно со 01-ви, декември ќе се одржат 4 форумски сесии, на кои ќе се подготви предлог буџетот на општината за 2024 година и истиот ќе се достави на усвојување на  Советот на Општината во месец декември 2023.

Форумот има за  цел  да го зајакне граѓанското учество во процесот на одлучување на локално ниво и низ еден широко транспарентен начин да  обезбеди родово одговорна алокација на буџетските  средства, водејќи сметка за различните потреби  и приоритети на граѓаните и граѓанките.

Вашето директно учество  и  придонес во креирањето на буџетот на Општина Крива Паланка  за 2024 година е од голема важност и интерес за целата локална заедница.

Големина на фонт
Контраст