Информација за преостанати финансиски средства за субвенционирање на младите за купен велосипед

Согласно член 3 од Правилникот за уредување  на условите, начинот и постапката за користењена финасиски средства утврдени во Буџетот на Општина Крива Паланка, со намена за субвенционирање на младите на подрачјето на општина Крива Паланка за купување на велосипед  Општина Крива Паланка ја информира јавноста дека преостанати средства за оваа немена се 150.978 денари. Со овие преостанати средства можат да бидат опфатени уште минимум околу 40 млади.

Право на субвенционирање на дел од средства за купување на велосипеди имаат физички лица кои се жители на Општина Крива Паланка и спаѓаат во категоријата на млади дефинирани во член 3 од Законот за младинско учество и младински политики („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.10/20), според кој „млади“ се лицата на возраст од 15 до 29 години.

Сите млади кои во 2023 година ќе го исполнат овој услов имаат право на субвенционирање на дел од средствата за купување на велосипед со поднесување на следната документација:

барање за надоместок (барањето може да се подигне во Архивата на Општина Крива Паланка или да се обезбеди од интернет страницата на Општината www.krivapalanka.gov.mk);

фотокопија на важечка лична карта на барателот или фотокопија на извод од матична книга на родените за малолетни лица;

фотокопија од активна трансакциска сметка на барателот односно родител/старател на малолетно лице;

потполнета изјава за давање на согласност за корис тење на лични податоци (изјавата може да се подигне во Архивата на Општина Крива Паланка или да се обезбеди од интернет страницата на Општината www.krivapalanka.gov.mk);

доказ дека е извршено купување на велосипед на територијата на Република Северна Македонија, и тоа оригинал фискална сметка или фактура со извод од деловна банка, сметајќи од 01 јануари во тековната година како прв ден за набавка на велосипедот.

Големина на фонт
Контраст