Известување за одржување на четвртата форумска сесија

Општина Крива Паланка во рамки на  проектот “Зајакнување на општинските совети“ кој го реализираат Програма за развој на Обединети Нации – УНДП, Швајцарска влада, Министерство за локална самоуправа, во соработка со Општина Крива Паланка, реализира  Проектни форуми во заедницата.

Проектниот форум е во фаза на оддржување на четвртата последователна форумска сесија, која ќе се одржи на ден 05.05.2023 год. во големата општинска сала, со почеток од 12.30 часот.

Вашето присуство на четврата форумска сесија е многу значајно за успешноста на форумот, бидејќи на четвртата форумска сесија, учесниците ќе одлучат кој проект ќе биде финансиран од вкупниот проектен фонд на УНДП.

Право на глас имаат само редовните учесници кои присуствувале на најмалку 3 форумски сесии.

Ви благодариме за интересот за форумот и досегашното присуството и активното учество во Првата, Втората и Третата форумска сесија.

Дневен ред.

 

Големина на фонт
Контраст