Дневен ред на 17-та седница на Советот на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67  од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 17-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 07.12.2022 година (среда ) во 12,00 часот.

Д н е в е н   р е д:

Усвојување на записник од 16-та  седница

  1. Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Крива Паланка   за 2022 година;
  2. Предлог-Одлука за субвенционирање на Јавното претпријатие за дистрибуција на природен гас и енергетски дејности „Калин Камен“  Општина Крива Паланка;
  3. Предлог- Одлука за  усвојување на Програма за работа на ЛУ „Градски музеј „ Крива Паланка за 2023 година;
  4. Предлог – Програма за активности на Општина Крива Паланка во областа на образование за 2023 година;
  5. Предлог-Одлука за давање согласност на Статутарната одлука и Одлуката за усвојување на статутарната одлука на ООУ „Јоаким Крчовски “ – Крива Паланка ;
  6. Предлог – Програма за активности на Општина Крива Паланка во областа на развој на информатичка технологија за 2023  година;
  7. Предлог – Програма за активности на Општина Крива Паланка во областа на спорт за 2023 година;
  8. Предлог-Паравилник за условите ,критериумите и правилата  за доделување  на стипендии за ученици –спортисти  во инвидуални  спортови   и  ученици –спортисти  во екипни спортови  кои учат во основните училишта  на подрачјето  на Општина Крива Паланка  и средните училишта од Република Северна Македонија;
  9. Предлог – Програма за активностите на Општина Крива Паланка во областа на културата и културните манифестации за 2023 година;
  10. Предлог – Програма за Локалниот економски развој на Општина Крива Паланка за 2023 година;
  11. Предлог – Програма за социјална,детска и здравствена заштита во Општина Крива Паланка за 2023 година;
  12. Предлог – Програма на Општина Крива Паланка од областа на соработка  со здруженија на граѓани и фондации за 2023 година ;
  13. Предлог-Програма за активностите на Општина Крива Паланка во областа на еднаквите можности за 2023 година;
  14. Предлог-Програма за работа на Локалниот Младински совет за 2023 година;
  15. Предлог-Програма  за млади на Општина Крива Паланка  за 2023 година;
  16. Предлог – Програма за изградба, реконструкција и одржување на локалната водоводна и канализациона мрежа во Општина Крива Паланка за 2023 година;
  17. Предлог – Програма за уредување на градежно земјиште во Општина Крива Паланка за 2023 година;
  18. Предлог – Програма за изградба, реконструкција и одржување и заштита на локалната патна мрежа во Општина Крива Паланка за 2023 година;
  19. Предлог – Програма за изградба, реконструкција и одржување на јавното осветлување во Општина Крива Паланка за 2023 година;
  20. Предлог – Програмата за јавна чистота во град Крива Паланка за 2023 година;
  21. Предлог-Програма за подигање и одржување  на градското зеленило  во Крива Паланка  за 2023 година ;
  22. Предлог –Програма за уредување на сообраќајна сигнализација на подрачјето на Општина Крива Паланка за 2023 година
  23. Предлог-Програма за животна средина на Општина Крива Паланка за 2023 година;
  24. Предлог-Програма за  изменување и дополнување на програмата за решавање на проблемот со кучиња скитници на подрачјето на Општина Крива Паланка за 2022 година;
  25. Предлог- Програма за решавање на проблемот со кучиња скитници на подрачјето на Општина Крива Паланка за 2023 година:
  26. Предлог – Програма за   изработка на урбанистички планови во Општина Крива Паланка за 2023 година;
  27. Предлог –Програма за измена и дополнување на Програмата за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Крива Паланка;
  28. Предлог –Програма за активностите на Општина Крива Паланка во областана заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и управување со кризи во 2023 година;
  29. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за времено уредување на јавни површини;
  30. Предлог-Одлука за усвојување на  Меѓуопштински стратешки план за намалување  на ризици  од катастрофи на општините  Крива Паланка и Ранковце 2022 -2026 година  ;
  31. Предлог-Одлука за определување услови и начин за издавање под закуп на недвижни ствари– деловни објекти сопственост на  Јавното претпријатие за комунални услуги „Комуналец“ Крива Паланка;
  32. Предлог-Одлука за  пренесување на движна ствар во сопственост на Општина Струга;
  33. Предлог-Превилник за уредување на начинот и критериумите за доделување на еднократна парична помош   и помош во градежен метеријал, потребна документација за остварување на ова право и висината на паричната помош која ја доделува Општина Крива Паланка;
  34. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.2319 и к.п.бр.2628 во КО Длабочица, Општина Крива Паланка;
  35. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за за к.п.бр. 2690 во КО Мождивњак, Општина Крива Паланка;
  36. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.1422/2 во КО Конопница, Општина Крива Паланка .ч

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
ПРЕТСЕДАТЕЛ,
Изабела Павловска

Големина на фонт
Контраст