Дневен ред на 50-та седница на Советот на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67  од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 50-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 12.03.2021 година (петок ) во 13,00 часот.

Дневен ред:

Усвојување на записници од 49-та седница

  1. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај по Програмата за работа на ЛУ Градски музеј – Крива Паланка за 2020 година;
  2. Предлог – Одлука за усвојување на Годишен финансиски извештај за работа на ЛУ „Градски Музеј“ – Крива Паланка за 2020 година;
  3. Предлог – Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на ЛУ Градски музеј – Крива Паланка за 2020 година;
  4. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на Основното училиште „Илинден“ Крива Паланка за 2020 година;
  5. Предлог-Одлука за усвојување на Завршна сметка на Основното училиште „Јоаким Крчовски“ Крива Паланка за 2020 година;
  6. Предлог-Одлука за усвојување на Завршна сметка на Средното општинско  училиште „Ѓорче Петров“ Крива Паланка за 2020 година;
  7. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на Општинска јавна установа за деца – Детска градинка „Детелинка“ Крива Паланка за 2020 година;
  8. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на Општинскиот ученички дом „Боро Менков“ Крива Паланка за 2020 година;
  9. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на ЈП „Комуналец“ Крива Паланка за 2020 година
  10. Предлог- Одлука за усвојување на Завршна сметка на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2020 година;
  11. Предлог-Одлука за давање на согласност за исплата на дел од средства предвидени со блок дотација за основно образование, а согласно Одлука на Совет на Општина Крива Паланка за 2021 година
  12. Предлог-Одлука за давање согласност на измената на годишниот план за вработување за 2021 година на Општина Крива Паланка;
  13. Предлог-Одлука за воспоставување на граници за заштитените зони на извори „Калин Камен – Влашки колиби“ и определување на мерки за заштита;
  14. Предлог-Одлука за изменување на Одлука за комунален ред и нејзино спроведување на подрачјето на Општина Крива Паланка бр.07-1835/15 од 27.06.2013 година;
  15. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр. 635 и к.п.бр.4611 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка;
  16. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр. 3050, к.п.бр.3049/1 и к.п.бр.4600 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка;
  17. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр. 7120/5 и 7121/2 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка;
  18. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр. 2626/3 и к.п.бр.2626/2 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка.

                             

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
      Претседател,
Изабела Павловска, с.р

Големина на фонт
Контраст