До 03.09.2011 година, до кога беше крајниот рок за поднесување на барање за утврдување на правен статус на бесправни објекти од локално значење и бесправни објекти од здравствени установи за примарна и секундарна здравствена заштита, во општината Крива Паланка поднесени се вкупно 3.610 барања.
Поголем дел од барањата 2.942 се со одредени недостатоци, односно не се комплетирани со потребниот прилог предвиден со законот. За 2.550 барања е донесен Заклучок за прекин на постапка, а во обработка се останати 392 барања.
Комплетираните барања и барањата кои ќе се комплетираат се доставуваат до Комисијата, формирана од Градоначалникот на општината, која врши увид на лице место и составува Записник за состојбата на објектот.
Досега, Градоначалникот на општина Крива Паланка има издадено 67 урбанистички согласности, а исто така има издадено и 57 Решенија за утврдување на правен статус.