Состанок на архитекти и градежни инжинери

На ден 03.09.2010 година во малата сала на општината Крива Паланка се одржа состанок на архитекти и градежни инжинери со кој раководеше градоначалникот на општината г-дин Арсенчо Алексовски.

На состанокот, на кој присуствуваа 12 архитекти и градежни инжинери, беше разгледана можноста за изработка на документација за уредување на коритото на Крива Река. Притоа беа дадени интересни предлози за содржините кои би можеле да бидат вградени во мајор коритото на реката, почнувајќи од разни видови на патеки, потоа урбана опрема, разни повеќенаменски игралишта и слично.

На крајот беше донесен заклучок според кој службите во Општина Крива Паланка треба да изготват нацрт проектна задача која ќе биде доставена до сите присутни  со можност да ја дополнат програмата.

Одделение за урбанизам, сообраќај
и заштита на животна средина

Големина на фонт
Контраст