Бесплатни термини за  користење на услугите на спортските објекти

Општина Крива Паланка во рамки на Програмата за млади за 2024 г. обезбеди за младите на возраст од 15-29 години, бесплатен термин за користење на терените од спортската сала „Бранители“ и тенискиот терен.

Беспалтниот термин ќе биде во секој петок и сабота со почеток од 16:00 часот, а со времетраење од 60 мин.

Заинтересираните млади може да се пријават на следниот линк:

https://www.krivapalanka.gov.mk/sport/besplaten-sport

Секој четврток ќе бидат контактарани дали нивното барање е одобрено. Корисниците ќе се избираат по принципот, кој прв ќе закаже за тековната недела. Истиот принцип ќе важи за секоја наредна недела.

Во случај на повеќе пријавени за истиот термин и објект, предност ќе има лицето кое не ги користел термините претходната недела.

Младите со себе треба да носат соодветни обувки за да не се оштетува теренот а лицето – барател со себе треба да носи документ за идентификација во кој се гледа возраста и дека е жител на општина Крива Паланка.

Напомена: Лицето – барател е одогворено за другите пријавени дека се на возраст од 15 до 29 години.

Во случај на одржување на битен настан или спортски натпревар, термините ќе бидат откажани, а корисниците известени.

 

Големина на фонт
Контраст