Во Општина Крива Паланка се одржа „Форум за родова еднаквост и различност“

– Граѓански организации, институции од областа на социјална заштита, воспитно-образовни институции, граѓански сектор, како и семејства на лица со попреченост, учествуваа на „Форум за родова еднаквост и различност“, кој дел од проектот „Од несвесни за различностите во транформативни локални заедници кои препознаваат различности и инклузивна еднаквост“, поддржан од Делегацијата на Европската Унија во С Македонија, во соработка со Општина Крива Паланка.

– Овој форум се реализира во Крива Паланка како шеста, во низата од вкупно 17 општини во државата вклучени во проектот. Форумот преставува клучна платформа за дијалог и соработка со цел да се поттикне инклузивност и да се адресираат релевантни прашања во нашите заедници. Низ консултација со граѓаните на теми: родова рамноправност, борба против дискриминација и инкорпорирање на интерсекторски пристап при решавања на предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост, изјави Теа Зографска, проект–менаџер од Национален совет за родова рамноправност.

Со информациите што ги добиваат низ форумскиот процес се финализира истражување спроведено во првата фаза од проектот, со анализии на стартешките документи на општините.

-Целта е да ги истражиме перспективите на жените и мажите во општините, меѓу нив и Крива Паланка, од интерсекциски аспект, односно потребите и проблемите на жените од помалите етнички заедници, вклучително и Ромките и Ромите, пристапот до сервиси, нивната работна активност и нивното учество во одлучувањето и учество во креирање на локални политики, изјавија организаторите.

Во претстојниот период ќе следи презентација на наодите, по што сите 17 општини ќе добијат ре-грантирање за граѓански ораганизации што ќе работат на подобрување на утврдените нереализирани потреби. Проектот е со траење од 36 месеци, а се спроведува од страна на Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, Полио Плус – Движење против хендикеп и Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ).

Големина на фонт
Контраст