Конкурс за избор на идејно решение за заштитен знак (лого) на манифестацијата КРИВА ПАЛАНКА – ГРАД НА КУЛТУРАТА 2024

Врз основа Одлука за отпочнување постапка за избор на лого на манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата 2024“ бр.08-943/1 од 20.02.2024 година, Комисијата за спроведување на постапката формирана од Градоначалникот на Општина Крива Паланка распишува

К О Н К У Р С
за избор на идејно решение за заштитен знак (лого) на манифестацијата КРИВА ПАЛАНКА – ГРАД НА КУЛТУРАТА 2024

Конкурсни услови:
Право на учество на Конкурсот имаат сите физички и правни лица.
Еден автор може да понуди повеќе идејни решенија.
Заедно со идејното решение потребно е да се приложи и текст со кој ќе биде објаснет концептот за дизајнот на заштитниот знак (лого).

Конкурсни критериуми:
Идејното решение на заштитниот знак (лого) треба да биде адаптилно и да ги има следниве карактеристики:
• да биде прикажано во формат А4;
• да биде прикажано во 3 (три) варијанти: црно бела, црно бела негатив и во боја;
• да биде прикажано одделно и заедно со слоганот: КРИВА ПАЛАНКА – ГРАД НА КУЛТУРАТА во 2 (две) варијанти: на македонски и англиски јазик;
• да биде изработено во моделите на бои RGB, CMYK и PANTONE- со точна техничка спецификација на боите.
• да биде изработено во векторски формат во: EPS, CDR (Corel Draw) и/или Al (Adobe iliustrator) фајл формат.
• да биде изработено во битмапирана форма во: GIF, JPG, TIF, и/или PNG фајл формат.

Заштитниот знак (логото) на манифестацијата треба да содржи визуелни елементи кои ја претставуваат културата, и/или културното наследство и/или традицијата и/или официјалните симболи на Општина Крива Паланка и да ја одразува општината како една од водечките општини со богата културна програма, и висока грижа за културата и културното наследство и културните установи на локално ниво.

За избраното идејно решение, авторот ќе добие авторски надомест од 12.000,00 денари.

Авторските права ќе се уредат со договор за откупување на правото на трајно и неограничено користење на авторското дело без никакви обврски спрема авторот освен утврдениот авторски надомест од 12.000,00 денари.

Краен рок за доставување на идејно решение:

Рок за поднесување на решенијата е до 26.02.2024 година (понеделник) до 12.00 часот.

Пријавите се доставуваат во електронска верзија на следната емаил адреса: [email protected] со назнака: За Конкурс за избор на идејно решение за заштитен знак (лого) за КПГК.

Во емаилот со пријавите да бидат доставени и контакт информации од авторот.

Оценувањето на идејните решенија поднесени на конкурсот за избор на идејно решение го врши Комисија. Изборот на идејните решенија ќе биде објавен, најдоцна во рок од 10 дена од денот на завршување на конкурсот.

Најдоброто идејно решение ќе биде објавено на веб страната на Општина Крива Паланка.

За било какви прашања во однос на конкурсот, испратете маил на [email protected].

Големина на фонт
Контраст