Јавен оглас за формирање на Партиципативно тело кое ќе учествува во процесот на урбанистичко планирање во Општина Крива Паланка

Ј А В Е Н    О Г Л А С
за формирање на Партиципативно тело кое ќе учествува во процесот на урбанистичко планирање во Општина Крива Паланка

Општина Крива Паланка во процесот на урбанистичко планирање во согласност со член 46 од Законот за урбанистичко планирање („Сл.весник на РСМ“ бр 32/20 и 111/23), распишува јавен оглас за лица потребни за формирање на Партиципативно тело кое се формира од доброволно пријавени лица кои се претставници на невладини организации, здруженија на граѓани, граѓански активисти од подрачјето на општината, како и граѓани кои се стручни лица од областа на урбанистичкото планирање и други стручни области суштествени за планирањето и одржливиот развој на градот.

Партиципативното тело ги претставува сите различни интереси и интересни групи во локалната заедница и ги пренесува ставовите, мислењата и потребите на граѓаните и правните лица, ги следи состојбите во планирањето преку давање на иницијативи, насоки и сугестии за изготвување на плански решенија и во постапката за изработување и донесување на плановите ги разгледува планските програми и планските решенија на урбанистичките планови во нивната работна верзија.

Пријавените лица на јавниот оглас за Партиципативно тело е на доброволна основа со учество во Партиципативно тело кое заседава најмалку еднаш во два месеци и има консултативна улога во постапката за изработка и донесување на урбанистичките планови.

Начинот на работа и бројот на членови на Партиципативното тело се утврдува во деловникот на Партиципативно тело што го донесува советот на единицата на локалната самоуправа.

Бројот на граѓанските членови на Партиципативно тело што ќе се пријават на доброволна основа не е ограничен.

Јавниот оглас е објавен на веб страна на единицата на локалната самоуправа и во писмена форма со излагање на огласот на јавно место во траење од 30 дена од денот на објавувањето.

Заинтересираните лица можат да се пријават во одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина преку архивата на општината.

                                                                                                     Општина Крива Паланка
                                                                                                  Градоначалник,
                                                                                                 Сашко Митовски

Големина на фонт
Контраст