Одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост во Крива Паланка

По повод одбележување на 3 декември-Меѓународниот ден на лицата со попреченост, градоначалникот на општина Крива Паланка Сашко Митовски и претседателката на Совет Изабела Павловска, организираа еднодневна екскурзија и свечен ручек за штитениците од Дневниот Центар за лица со интелектуална и телесна попреченост.

Во оваа пригода, градоначалникот Митовски и Претседателката на Совет Павловска, на штитениците од Дневниот центар им подарија симболичен подарок обезбеден во согласност со потребите на штитениците.

„Општина Крива Паланка континуирано работи во насока на подобрување на условите за живот на оваа категорија на наши сограѓани и затоа оваа година за првпат испланира и нова мерка за поддршка, и во буџетот за 2024 г.

предвидовме средства за доделување на еднократна финансиска парична помош во висина од 3000 денари за секое лице  со попреченост, евидентирано  во ЈУ МЦСР  Крива Паланка.

Лицата со попреченост се дел од нашата заедница и потребно е големо внимание, топлина и вистинска и постојана грижа за нив, затоа сите заедно, да се потрудиме да им помагаме на лицата со посебни потреби, за нивна поголема интеграција во пошироката заедница, со цел тие полесно да се социјализираат и да станат независни граѓани и општествено корисни личности. Меѓународниот ден на лицата со попреченост се стреми да ја зголеми свеста за придобивките што треба да се извлечат од нивното интегрирање во секој аспект на живеење.

Сите заедно да ги поддржиме и да им покажеме дека се дел од нас“, во оваа прилика изјави градоначалникот Сашко Митовски.

Големина на фонт
Контраст