Граѓаните на буџетски форум ги избраа приоритетните проекти и програми за 2024 година

Во рамките на партиципативното планирање на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2024 година, на буџетскиот форум, поконкретно на четирите форумски сесии, кои се одржаа во периодот од од 7.11. 2023 г. до 1.12.2023  година, граѓаните имаа можност со своето партиципативно учество да придонесат во креирањето на Буџетот за 2024 г. преку давање на нивни предлози – решенија, за тоа што тие сметаат дека е најпотребно и најприоритетно за локалната заедница и го предлагаат да се реализира следната година.

На четвртата форумска сесија беа приоретизирани 40-те избрани форумски приоритети – проекти, кои форумот ги предложи до општината, за да станат составен дел на буџетот и програмите на општината за следната година.

Проектот за „Осветлување на улицата Климент Охридски“ на потегот  кантина-воен резервоар, беше избран за најприоритетен проект од страна на учесниците на 4-та форумска сесија од буџетскиот форум, што се спроведе во Крива Паланка.

Овој проект доби најголема поддршка од граѓаните во процесот на приоретизирање на вкупно 40 проекти, кои претходно беа претселектирани од страна на Работната група на форумот.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка Сашко Митовски им се заблагодари на граѓаните за нивното активно учество во буџетскиот форумски процес и за придонесот во креирањето на општинскиот буџет за 2024 година.

Пред присутните учесници на форумот, градоначалникот изјави, дека општината ќе направи напори да ги реализира најприоритетните проекти произлезени од буџетскиот форумски процес, како и останатите  предлози  произлезени од форумот, а кои не влегоа во 40 -те  приоретизирани проекти и кои, како препораки во име на општината ги прими од страна на граѓаните на форумот.

Работна група на проектот ќе го следи спроведувањето на приоритетните програми и проекти на буџетскиот форум, а на следната  форумска сесија, која треба да се одржи во наредната година, општината треба да даде отчет за реализираните форумски одлуки.

Големина на фонт
Контраст