Поставени нови собирни садови  за стаклена амбалажа

Селектирањето на отпадот битно придонесува за квалитетот на секое урбано живеење,  за рециклирање на одредени видови на отпад, за намалување на вкупната количина на отпад на депониите, а пред се за мошне потребната одржливост на животната средина и природата.

Од тие причини Општина Крива Паланка и општинското јавно комунално претпријатие Комуналец продолжуваат да создаваат  услови за  примарна  селекција на отпадот што поблиску до граѓаните.

За наведената цел, денеска  од страна на лиценцираниот  оператор и колективен постапувач ,,Еуро  Екопак“,  согласно претходно потпишан Договор за соработка се поставени пет специјализирани садови, т.н „зелени  ѕвона“ за собирање на отпад  од  искористена и неупотреблива стаклена амбалажа и тоа на следниве локации:
– пред станбените згради  на улица ,,8 ми септември,,до Домачки дол( до контејнерите )
– пред населбата Бегови бавчи ( до контејнерите ).
– на улица,, 8 ми Октомври ,, спроти ученичкиот дом Боро Менков,( до контејнерите ).
– пред Големиот мост( до контејнерите ).
– пред Борчева кафеана

Фирмата  Еуро  Екопак, ги обезбедува од сопствени средства поставените садови и истата и во наредниот  период ќе поставува специјализирани садови  и ќе ги подржува Општинските активности за примарна селекција на отпадот.

Досега вакви садови  имаше  само на неколку места покрај главната улица во градот ,  меѓутоа  заложба на општинските и комуналните служби е  во блиска иднина да има барем по едно  т.н еколошко острово за селекција за неколку видови на отпад речиси во секоја населба.

Вооедно  Општинските  надлежни служби  ги известуваат граѓаните дека  согласно законите повеќе  не е дозволено  одлагање на стаклен отпад  во садовите за комунален отпад  и вооедно ги повикуваат граѓаните кои имаат стари и неупотребливи шишиња, тегли и друга стара стаклена амбалажа да ги одлагаат во овие специјализирани садови.

 

Големина на фонт
Контраст