Презентирана нацрт-верзијата на Социјален план за Општина Крива Паланка

Општина Крива Паланка наскоро ќе добие социјален план кој е изготвен согласно Законот за социјална заштита и измените од мај 2019 година и ќе ги таргетира ранливите категории граѓани од урбанитe и рурални средини, возрасни лица и пензионери, невработени лица, лица со попреченост и лица жртви на семејно насилство.

Нацрт-верзијата денес беше претставена пред институциите и здруженија кои работат во областите на засегнатите групи лица опфатени со истиот, врз основа на кој ќе се изготви финална верзија, социјална карта на Општина Крива Паланка и годишната програма за социјална, детска и здраствена заштита која ќе ја спроведува општината.

-Социјалниот план се изработува во соработка со Минситерството за труд и социјална политика на РС Македонија, со поддршка на Делегацијата на ЕУ во државата и претставници од „Ептиса“, во рамки на поддршката на модернизацијата на службите за пружање социјални услуги. Мапирањето на податоците воглавно беше административно и од фокус-групи, согласно протоколите на пандемијата, а опфатени се сите сегменти на општината кои ќе бидат целни таргет групи за работа во иднина и нивно унапредување, изјави Елена Христовска, админситративен работник од областа на социјалата при Општина Крива Паланка.

Планот за социјална заштита се однесува на периодот 2021-2024 година.

По еден интензивен процес на работа, за краток временски период од месец и пол, вo време на пандемија со Ковид-19 презадоволни смe од ажурноста на службите, на инволвираните страни, на Советот за социјална заштита и иницијативноста и интересот на градоначалникот да дојдеме до ваков обемен и сеопфатен план. Социјалното претприемништво е нешто што во иднина ќе даде резултати за импелемнтација на ваквите планови, а работната група од Крива Паланка ќе може да биде пример и да менторира и во општините од регионот за да може на ниво на Североисточен плански регион да се подготват социјални палнови и да се бараат фондови заеднички за оставрување на зацртаните цели, рече Ива Михајловска од „Ептиса“.

Градоначланикот, Борјанчо Мицевски, рече дека социјалниот план е сериозен документ кој ќе даде резултати на долгорочен план.

-Крива Паланка по структура на население е со голем процент со возрасна популација, а во нашиот град има многу потенцијали за згрижување возрасни лица, но како општина имаме перспектива и да развиеме социјално претприемништво, изјави Мицевски.

Говореше и Ана Филиповска, експерт за социјална економија и социјално претприемништво, која сподели искуства од Германија, Италија, Канада, но и од нашата држава, со конкретни примери на формирање социјални претпријатија кои се, како што рече иднината.

– Честитки за социјалниот план, кој е план на заедницата, овозможувајќи посилна кохезија во средината. Бев дел од основачите на првото социјално претпријатие во Скопје и сакам да нагалсам, како експерт во областа, дека социјалното претприемништво почнува од ранливите категории, преку нивно директно консултурање по однос на потребите, понатаму нивно зајакнување, како капацитети и со компетенции  и нивно економско јакнење и осоамостојување, рече Филиповска.

Таа нагалси дека социјалното претприемништво е единствената одржлива опција.

Во изработка на Социјалниот план 2021-2024 покрај Oпштината особено значаен придонес дадоа и ОО Црвен крст Крива Паланка, Здружението на пензионери од Крива Паланка, ЦПЛИП „Порака”, ЈУ Меѓуопштинскиот центар за социјални работи-Крива Паланка и претставниците од ЕПТИСА-Скопје.

 

Големина на фонт
Контраст