Одржана прва работилница за изработка на родово одговорна стратегија за локален развој

Во големата сала на Општина Крива Паланка, денес се одржа првата работилница од процесот на подготовка – креирање на  „Стратегија за  развој на Oпштина Крива Паланка   2021 – 2025“.

Во подготовка на овој значаен стратешки документ беа вклучени претставници од општина Крива Паланка, Советот на Општината, претставници од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор.

Креирањето на Стратешкиот план ќе се одвива во наредните неколку месеци низ отворен, партиципативен и транспарентен процес, во кој можат да се вклучат сите заинтересирани граѓани и во наредниот период, со нивно директно учество, со нивни конкретни идеи, предлози и насоки во кои треба да се движи развојот на нашата локална заедница.

Планирани се  уште неколку работилници, после кои работниот тим ќе ја финализира стратегијата, а самиот процес е воден од надворешен експерт, Кристина Хаџивасилева од UN Women организацијата, во соработка со општинската администрација, во рамки  на регионалниот проект  „Промоција на родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и одговорно управување во Република Северна Македонија“.

Големина на фонт
Контраст