Посета на општина Дупница

Поповод  денот  на општина Дупница, Р. Бугарија, општинскиот празник Св. „Јован Рилски“, на ден 19.10.2010 г., на покана од збратимената општина, делегација од општина Крива Паланка предводена од Градоначалникот, Арсенчо Алексовски  беше во посета на општина Дупница.

Делегацијата  присуствуваше на свеченостите и работните активности кои, по повод одбележување на празникот, беа организирани од домаќинот.

Инаку, во првата недела од месец ноември, во Општина Крива Паланкаа во функција на соработката помеѓу општинските совети ќе се одржи работна средба со цел размена на искуства и  идеи  помеѓу претставници на  Советот на Општина Дупница и советниците во Советот на Општина Крива Паланка.

Паркот во Дупница, каде се одржа прославата на Денот на општината

Големина на фонт
Контраст