Врз основа на член 35 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр. 5/08), претседателот на Советот на Општина Крива Паланка свикува 52-та седница на Советот на Општина Крива Паланка за 28.01.2013 година (понеделник) во 14,30 часот. Седницата ќе се одржи со следниот
Д н е в е н р е д:
– Усвојување на Записници од 49, 50 и 51-та седница на Советот
1. Предлог – Одлука за проширување и измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Крива Паланка за 2013 година;
2. Предлог – Одлука – за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Крива Паланка К 1, К 2 и К 3 за IV квартал во 2012 година;
3. Предлог – Одлука за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот;
4. Предлог – Одлука за утврдување на донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените на к.п.3745-Ѓоргиевски Славе и к.п.3732/7 сопственост на РМ;
5. Предлог – Одлука за утврдување на донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените на к.п.3418/3 – Петковска Трајанка – Кр.Паланка;
6. Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план на дел од урбан блок 11 во Крива Паланка;
7. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај по Програмата за јавна чистота за 2012 година
8. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај по Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локална водоводна мрежа за 2012 година;
9. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај по Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локална патна мрежа за 2012 година;
10. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај по Програмата за уредувае на градежно земјиштеза 2012 година;
11. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај по Програмата за изградба, и одржување на јавното осветлување за 2012 година;
12. Предлог – Одлука за усвојување на Годишен Извештај за 2012 година за слободен пристап до информации од јавен карактер; и
13. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај по Програмата на Одделението за јавни дејности, економски развој и информатичка технологија за 2012 година.
СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Милка Митовска,с.р.