Дневен ред на 52-та седница на Советот на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 35 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр. 5/08), претседателот на Советот на Општина Крива Паланка  свикува 52-та седница на Советот на Општина Крива Паланка за 28.01.2013 година (понеделник) во 14,30 часот. Седницата ќе се одржи со следниот

Д н е в е н   р е д:

– Усвојување на Записници од 49, 50 и 51-та седница на Советот

1. Предлог – Одлука за проширување и измена на распоредот на средствата во  Буџетот на Општина Крива Паланка за 2013 година;

2. Предлог –  Одлука –  за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Крива Паланка К 1, К 2 и К 3 за IV квартал во 2012 година;

3. Предлог – Одлука за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот;

4. Предлог – Одлука за утврдување на донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените  на к.п.3745-Ѓоргиевски Славе и к.п.3732/7 сопственост на РМ;

5. Предлог – Одлука за утврдување на донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените  на к.п.3418/3  – Петковска Трајанка – Кр.Паланка;

6. Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план на дел од урбан блок 11 во Крива Паланка;

7. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај по Програмата за јавна чистота за 2012 година

8. Предлог – Одлука за усвојување на  Извештај  по Програмата за  изградба, реконструкција и одржување на локална водоводна  мрежа за 2012 година;

9. Предлог – Одлука за усвојување на  Извештај  по Програмата за  изградба, реконструкција и одржување на локална патна мрежа за 2012 година;

10. Предлог – Одлука за усвојување на  Извештај  по Програмата за  уредувае на градежно земјиштеза 2012 година;

11. Предлог – Одлука за усвојување на  Извештај  по Програмата за  изградба, и одржување на јавното осветлување за 2012 година;

12. Предлог – Одлука за  усвојување на Годишен Извештај  за 2012 година за слободен пристап до информации од јавен карактер; и

13. Предлог – Одлука за усвојување на  Извештај  по Програмата на Одделението за јавни дејности, економски развој и информатичка технологија за 2012 година.

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Милка Митовска
,с.р.

Големина на фонт
Контраст