Инфо ден за распишан Јавен повик за финансиска поддршка на здруженија и фондации за 2021 година

Општина Крива Паланка организира инфо ден за здруженија на граѓани и фондации, кои се заинтересирани да аплицираат на распишаниот ЈАВЕН ПОВИК за поднесување на пријави за финансиска поддршка за користење на средства од буџетот на Општина Крива Паланка за 2021 година, наменети за проектни активности на здруженија и фондации со седиште во Општина Крива Паланка .

Инфо денот ќе се одржи на 04.03.2021 година, во Голема сала на Општина Крива Паланка, со почеток во 12 часот.

На инфо денот, заинтересираните претставници на здруженијата и фондациите, ќе можат да  постават прашања за критериумите кои треба да ги исполнат здруженијата, појаснување на апликацијата и пополнување на формуларите, потребната документација која треба да се достави во склоп на апликацијата, видовите на проекти кои ќе бидат поддржани како и извештаите кои ќе треба да се достават по реализација на проектите.

Големина на фонт
Контраст