Jавна расправа/видео консултација за документ План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) за надградба на локална улица до новите градски гробишта, во Општина Крива Паланка, во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта

Во рамки на „Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Крива Паланка аплицираше со проект за надградба на локална улица до новите градски гробишта, во Општина Крива Паланка.

Согласно барањата на Светска Банка беше подготвен документ „План за управување со животната средина и социјалните аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот.

Документот „План за управување со животната средина и социјалните аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на веб страните на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Крива Паланка (https://www.krivapalanka.gov.mk/) на 24 септември 2020.

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

Со цел презентирање на главните наоди од подготвениот документ „План за управување со животната средина и социјалните аспекти”, како и запознавање со проектните активности Министерството за транспорт и врски заедно со Општина Крива Паланка ќе организираат јавна расправа која поради ситуацијата со COVID 19 ќе се одвива преку видео конференција на ден 01 октомври (четврток) 2020 со почеток во 13.00 часот.

Сите заинтересирани лица нека достават барање за учество по е-маил на следнава адреса: [email protected] најкасно до 30 септември (среда) 2020, до 15.00 часот. Ве молиме да се регистрирате/поврзете на линкот кој ќе Ви биде доставен на вашата е-маил адреса за учество на настанот. Ве молиме да се регистрирате/поврзете на линкот кој ќе Ви биде доставен за учество на настанот.

План за управување со животната средина и социјалните аспекти_МК

План за управување со животната средина и социјалните аспекти_EN

Известување за јавна расправа

Дневен ред за јавна расправа

Образец за доставување на коментари

Министерството за транспорт и врски

Големина на фонт
Контраст