Врз основа на член 2 од Правилникот за утврдување на постапката за прибирање и разгледување на предлог-активности во областа на спортот во Општина Крива Паланка за 2025 година, донесен од страна на Градоначалникот на Општина Крива Паланка бр.08-4620/1 од 13.09.2024 година, Општина Крива Паланка објавува
Ј А В Е Н П О В И К
за прибирање предлог- активности за поддршка и унапредување на спортот, спортските клубови и здруженија во Општина Крива Паланка за 2025 година
Со цел унапредување и развој на спортот во Општина Крива Паланка, како и успешна реализација на Програмата за активностите на Општина Крива Паланка во областа на спорт за 2025 година, се повикуваат сите спортски клубови, здруженија и професионални спортски клубови да пројават интерес на овој јавен повик.
- Критериуми
Како подносители на предлог-активности за поддршка и унапредување на спортот, спортските клубови и здруженија во Општина Крива Паланка за 2025 година можат да се јават: спортски клубови, здруженија и професионални спортски клубови, а кои ги исполнуваат следните критериуми:
- да се регистрирани на подрачјето на Општина Крива Паланка;
- да придонесуваат во организирање на манифестации, турнири и проекти од областа на спортот;
- да придонесат во создавање на услови за правилно насочување на младите и организирање на нивните слободни активности во областа на спортот;
- да придонесуваат во збогатување на спортско-рекреативниот живот во општината.
- Потребна документација
Подносителите на барања потребно е да достават:
- Барање со основни информации за подносителот (име на организацијата, адреса, телефонски број, е-маил адреса, лице за контакт), краток опис на организацијата, предлог-активност за конкретна манифестација, опис на активностите кои ќе се преземат и придонесот од наведената манифестација, турнири, и проекти од областа на спортот, потребен буџет како и опис на потребите од буџетот;
- Доказ за регистрација за вршење на дејност од областа на културата со седиште на територија на Општина Крива Паланка (тековна состојба од Централен регистар не постара од 6 месеци).
- Рок и начин на доставување на барањата
Јавниот повик ќе биде објавен на официјалната веб страна на Општина Крива Паланка www.krivapalanka.gov.mk ќе трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Барањата со целокупната документација се доставуваат во писмена форма до општинската архива со назнака „До Општина Крива Паланка, Одделение за јавни дејности, за Јавен повик за прибирање на предлог – активности за поддршка и унапредување на спортот, спортски клубови и здруженија во Општина Крива Паланка за 2025 година“.
Барањата кои ги исполуваат условите, а кои ќе бидат од најголем интерес за развој и унапредување на спортот во градот, ќе бидат дел од Програмата за активностите на Општина Крива Паланка во областа на спортот за 2025 година.
Општина Крива Паланка
Градоначалник
Сашко Митовски