Врз основа на член 2 од Правилникот за утврдување на постапката за прибирање и разгледување на предлог- активности за организирање на културни манифестации во Општина Крива Паланка за 2025 година, донесен од страна на Градоначалникот на Општина Крива Паланка бр.08-4619/1 од 13.09.2024 година, Општина Крива Паланка објавува
J А В Е Н П О В И К
за прибирање предлог- активности за организирање на културни манифестации во Општина Крива Паланка за 2025 година
Со цел унапредување и развој на културата во Општина Крива Паланка ,како и успешна реализација на Програмата за активностите на Општина Крива Паланка во областа на културата и културните манифестации за 2025 година, се повикуваат сите јавни установи, здруженија, фондации и други правни лица кои имаат регистрирана дејност од областа на културата да пројават интерес на овој јавен повик.
- Критериуми
Како подносители на предлог-активности за организирање на културни манифестации во Општина Крива Паланка за 2025 година можат да се јават: јавни установи, здруженија, фондации и други правни лица кои имаат регистрирана дејност од областа на културата, а кои ги исполнуваат следните критериуми:
- да се регистрирани како јавна установа, здружение на граѓани, фондација и други правни лица кои имаат регистрирана дејност од областа на културата, согласно законот и истите да се со седиште на територија на Општина Крива Паланка како матична општина;
- да придонесуваат за збогатување на културниот живот во општината;
- да придонесуваат за зачувување и афирмирање на материјалното и духовното културно наследство на Општина Крива Паланка;
- да го поттикнуваат и афирмираат локалното творештво на локалните уметници;
- да се грижат за унапредување на соживотот меѓу заедниците;
- да обезбедат континуитет на традиционалните културно- уметнички манифестации кои се од локален карактер.
- Потребна документација
Подносителите на барања потребно е да достават:
- Барање со основни информации за подносителот (име на организацијата, адреса, телефонски број, е- маил адреса, лице за контакт), краток опис на организацијата, предлог-активност за конкретна манифестација, опис на активностите кои ќе се преземат и придонесот од наведената манифестација, потребен буџет како и опис на потребите од буџетот;
- Доказ за регистрација за вршење на дејност од областа на културата со седиште на територија на Општина Крива Паланка (тековна состојба од Централен регистар не постара од 6 месеци).
- Рок и начин на доставување на барањата
Јавниот повик ќе биде објавен на официјалната веб страна на Општина Крива Паланка www.krivapalanka.gov.mk ќе трае 10 дена од денот на објавувањето.
Барањата со целокупната документација се доставуваат во писмена форма до општинската архива со назнака „До Општина Крива Паланка, Одделение за јавни дејности, за Јавен повик од областа на културата“.
Барањата кои ги исполуваат условите, а кои ќе бидат од најголем интерес за развој и унапредување на културата во градот, ќе бидат дел од Програмата за активностите на Општина Крива Паланка во областа на културата и културните манифестации за 2025 година.
Општина Крива Паланка
Градоначалник
Сашко Митовски