Јавен повик за надоместување на дел на трошоците на младите на подрачјето на Општина Крива Паланка за набавка на велосипеди

Врз основа на член 3 од Правилникот за уредување на условите, начинот и постапката за користење на финасиски средства од Буџетот на општина Крива Паланка за субвенционирање на младите на подрачјето на Општина Крива Паланка за купување на велосипед („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр.15/22), Одлуката на Советот на Општина Крива Паланка за определување на максималниот износ за определување на поединечна субвенција за млади за купен велосипед за 2024, број 09-5981/19 од 25 декември 2023 година („Службен гласник на Општина Крива Паланка број 17/23 од 26.12.2023 година) а согласно ПРОГРАМАТА ЗА МЛАДИ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА ЗА 2024 Општина Крива Паланка објавува

ЈАВЕН ПОВИК
за надоместување на дел на трошоците на  младите  на подрачјето на Општина Крива Паланка за набавка на велосипеди

Општина Крива Паланка, со цел да ги стимулира младите од својата општината кои ќе купат велосипед  во тековната 2024 година, ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на велосипед, во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 4.000 денари нето износ по лице. За времетраењето на Јавниот повик јавноста ќе биде известувана за степенот на искористување на предвидените средства за субвенционирање на набавка на велосипеди, односно за преостанатите средства за таа намена. Во случај на исцрпување на средствата Општина Крива Паланка ќе објави дека Јавниот повик е завршен преку општинската веб-страница. Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Право на учество на Јавниот повик за субвенционирање на младите за набавка на велосипеди:

  1. Сите млади дефинирани во член 3 од Законот за младинско учество и младински политики („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.10/20), според кој „млади“ се лицата на возраст од 15 до 29 години, жители на Општина Крива Паланка што од 01 јануари 2024 купиле велосипед во Република Северна Македонија.
  2. Со субвенцијата/надоместокот на дел на трошоците за набавка на велосипед ќе бидат опфатени подносителите на пријава по принципот „прв дојден, прв услужен“, до исцрпување на предвидените средства во Буџетот на општината за 2024 година.
  3. Со одлука на Совет на Општина Крива Паланка, максималниот износ за поедничената субвенција за купен велосипед во 2024 по лице, се утврдува во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 4.000 денари нето износ по лице.
  4. Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање надоместок за еден велосипед.

Начин на пријавување на Јавниот повик – документација што треба да се достави како доказ за исполнување на горенаведените услови:

  1. Барање за надоместок (барањето може да се подигне во архивата на Општината или да се обезбеди од интернет-страницата на Општината www.krivapalanka.gov.mk);
  2. Фотокопија на важечка лична карта на барателот или фотокопија на извод од матична книга на родените за малолетни лица;

3.Фотокопија од активна трансакциска сметка на барателот односно родител/старател на малолетно лице;

  1. Потполнета изјава за давање на согласност за користење на лични податоци (изјавата може да се подигне во Архивата на Општина Крива Паланка или да се обезбеди од интернет страницата на Општината www.krivapalanka.gov.mk);
  2. Оригинал фискална сметка или фактура со извод од деловна банка, издадена во РСМ, со датум од тековната 2024 година како доказ дека е извршено купување велосипед.
  3. изјава дека нема користено право на субвенција за купување на велосипед за претходната година

Документацијата се поднесува во Архивата на Општина Крива Паланка, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот, во затворен плик со намена за Јавен повик за субвенционирање на младите на подрачјето на Општина Крива Паланка за купување на велосипед со назнака НЕ ОТВОРАЈ.

Начин на реализација на Јавниот повик

По објавувањето на Јавниот повик за надоместување на дел на трошоците за набавка на велосипед на веб-страницата на Општината, во определениот рок граѓаните со пополнување на Барање, вклучувајќи ја и целата потребна документација ја доставуваат во архивата на Општина Крива Паланка.

Комисијата ќе изготви предлог до Градоначалникот за донесување Решенија за исплата на финансиските средства на барателите за кои е утврдено дека ги исполниле условите цитирани во Јавниот повик според редот на пристигнатите барања по принципот „прв дојден, прв услужен“, до исцрпување на обезбедените средства со буџетот на Општина Крива Паланка за 2024 година за таа намена.

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
                                                                                                                      Градоначалник
                                                                                                                     Сашко Митовски

Барање за надоместување на дел на трошоците на младите на подрачјето на Општина Крива Паланка за набавка на велосипеди за 2024 година

Изјава за давање согласност за обработка на лични податоци

Изјава за неискористено право

ПРАВИЛНИК ЗА УРЕДУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ, НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА МЛАДИТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА ЗА КУПУВАЊЕ НА ВЕЛОСИПЕД

Сметки за уплата на административна такса

Големина на фонт
Контраст