Јавен повик за надоместување на дел на трошоците на  младите на подрачјето на Општина Крива Паланка за набавка на велосипеди

Врз основа на член 3 од Правилникот за уредување на условите, начинот и постапката за користење на финасиски средства од Буџетот на општина Крива Паланка за субвенционирање на младите на ппдрачјето на Општина Крива Паланка за купување на велосипед („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр.15/22), Одлуката на Советот на Општина Крива Паланка за определување на максималниот износ за определување на поединечна субвенција за млади за купен велосипед за 2023, број 09-4898/29 од 22 декември 2022 година („Службен гласник на Општина Крива Паланка број 15/22) а согласно ПРОГРАМАТА ЗА МЛАДИ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА ЗА 2023 Општина Крива Паланка објавува

ЈАВЕН ПОВИК
за надоместување на дел на трошоците на  младите на подрачјето на Општина Крива Паланка за набавка на велосипеди

Општина Крива Паланка, со цел да ги стимулира младите од својата општина кои ќе купат велосипед  во тековната 2023 година, ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на велосипедите, во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 4.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. За времетраењето на Јавниот повик јавноста ќе биде известувана за степенот на искористување на предвидените средства за субвенционирање на набавка на велосипеди, односно за преостанатите средства за таа намена. Во случај на исцрпување на средствата Општина Крива Паланка ќе објави дека Јавниот повик е завршен преку општинската веб-страница. Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Право на учество на Јавниот повик за субвенционирање на младите за набавка на велосипеди:

  1. Сите млади дефинирани во член 3 од Законот за младинско учество и младински политики („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.10/20), според кој „млади“ се лицата на возраст од 15 до 29 години, жители на Општина Крива Паланка што од 01 јануари 2023 купиле велосипеди во Република Северна Македонија.
  2. Со субвенцијата/надоместокот на дел на трошоците за набавка на велосипеди ќе бидат опфатени подносителите на пријава по принципот „прв дојден, прв услужен“, до исцрпување на предвидените средства во Буџетот на општината за 2023 година.
  3. Со одлука на Совет на Општина Крива Паланка, максималниот износ за поедничената субвенција за купен велосипед во 2023 по лице, се утврдува во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 4.000 денари со вклучен персонален данок на доход.
  4. Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање надоместок за еден велосипед.

Начин на пријавување на Јавниот повик – документација што треба да се достави како доказ за исполнување на горенаведените услови:

  1. Барање за надоместок (барањето може да се подигне во архивата на Општината или да се обезбеди од интернет-страницата на Општината www.krivapalanka.gov.mk);
  2. Фотокопија на важечка лична карта на барателот или фотокопија на извод од матична книга на родените за малолетни лица;

3.Фотокопија од активна трансакциска сметка на барателот односно родител/старател на малолетно лице;

  1. Потполнета изјава за давање на согласност за користење на лични податоци (изјавата може да се подигне во Архивата на Општина Крива Паланка или да се обезбеди од интернет страницата на Општината www.krivapalanka.gov.mk);
  2. Оригинал фискална сметка или фактура со извод од деловна банка, издадена во РСМ, со датум од тековната 2023 година како доказ дека е извршено купување велосипед.

Документацијата се поднесува во Архивата на Општина Крива Паланка, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот, во затворен плик со намена за Јавен повик за субвенционирање на младите на подрачјето на Општина Крива Паланка за купување на велосипеди“ бр.21-337/1 со назнака НЕ ОТВОРАЈ.

Начин на реализација на Јавниот повик

По објавувањето на Јавниот повик за надоместување на дел на трошоците за набавување велосипеди, на веб-страницата на Општината во определениот рок граѓаните со пополнување Барање, вклучувајќи ја и целата потребна документација ја доставуваат во архивата на Општина Крива Паланка или електронски со прикачување на документите преку платформата „мЗаедница“ на следниот ЛИНК или со превземање на мобилната апликација од App Store за iPhone: https://apple.co/2SbERqJ или од Google Play за Android: https://goo.gl/Y9qhpE (повеќе информации на: www.mzaednica.mk).

Комисијата ќе изготви предлог до Градоначалникот за донесување Решенија за исплата на финансиските средства на барателите за кои е утврдено дека ги исполниле условите цитирани во Јавниот повик според редот на пристигнатите барања по принципот „прв дојден, прв услужен“, до исцрпување на обезбедените средства со буџетот на Општина Крива Паланка за 2023 година за таа намена.

За дополнителни информации контактирајте го лицето Даниела Милошевска ([email protected]).

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

Барање за надоместување на дел на трошоците на младите на подрачјето на Општина Крива Паланка за набавка на велосипеди за 2023 година

Изјава за давање согласност за обработка на лични податоци

ПРАВИЛНИК ЗА УРЕДУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ, НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА МЛАДИТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА ЗА КУПУВАЊЕ НА ВЕЛОСИПЕД

Сметки за уплата на административна такса

Големина на фонт
Контраст