Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог проекти (ReLOaD2)

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА ВО ПАРТНЕСТВО СО ПРОГРАМАТА НА ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (УНДП) ОБЈАВУВА: 

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН 2
(ReLOaD 2)
22.11.2022

Проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD 2) е финансиран од Европската унија и го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во шест земји/територии од Западен Балкан. Проектот ќе трае до декември 2024 година и има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество и младите за нивно активно учество во процесот на денесување одлуки.

Во проектот ReLOaD 2 се вклучени 8 општини: Битола, Велес, Гевгелија, Гостивар, Крива Паланка, Кочани, Куманово и Охрид.

Општина Кива Паланка и проектот ReLOaD 2 ги повикуваат сите граѓански организации да поднесат предлог проекти кои се доследни на развојните цели на општина Крива Паланка и со кои е опфатена приоритетната област:

  1. МЛАДИ:
    1.1 Активности за спречување и препознавање на разни видови насилство и дискриминација кај младите,
    1.2  Проекти за младинска партиципација и младински активизам и волонтеризам,
    1.3  Активности за едукација и превенција од разни видови на зависности кај младите,
    1.4  Поддршка на проекти и активости за социјална инклузија на младите особено од ранливи групи и од руралните средини и
     1.5 Подршка на активности за подобрување на психо-физичкото здавје кај младите, особено на ранливите групи.

Износот на средства за одобрени проекти ќе се движи од 307.000,00 МКД до 1.845.000,00 МКД.

На граѓанските организации им е дозволено да поднесат повеќе од еден предлог проект, доколку вкупниот доделен износ не надминува 3.690.000,00 МКД за целото времетраење на проектот ReLOaD2  (до декември 2024). 

Општина Крива Паланка и УНДП го задржуваат правото да не ги доделат расположливите средства доколку предлог проектите не ги исполнуваат зададените критериуми. Проектите може да бидат со времетраење од 6 до 12 месеци. Избраните проекти мора да се спроведат во периодот од март 2023 до крајот на февруари 2024. 

ПОДОБНОСТ:
Учеството на овој јавен повик е отворено за сите формално регистрирани граѓански организации (асоцијации / организации или фондации) согласно со Законот за здруженија и фондации. Сите заинтересирани граѓански организации може да најдат детални информации за условите за пријавување и за критериумите за финансирање на проекти во Насоките за подносителите, кои се составен дел од документацијата за јавниот повик (Анекс 10).

ДОКУМЕНТАЦИЈА:
Јавниот повик ќе трае од 22.11.2022 (од 7:30 часот) до 20.12.2022 (до 15:00 часот). Документацијата за пријавување на јавниот повик на општина Крива Паланка може да се обезбеди преку испраќање на барање на следната адреса: улица „Св.Јоаким Осоговски’’ бр.175, 1330 Крива Паланка  или на е-меил: [email protected] на кое е наведено името на заинтересираната организација, или лично во општина Крива Паланка, улица: „Св.Јоаким Осоговски’’ бр.175. Сите неопходни информации и електронската верзија од целиот пакет апликација може исто така да се преземат од официјалната општинска веб страница www.krivapalanka.gov.mk како и на веб страницата на УНДП (www.mk.undp.org).

Информативен состанок (отворен ден) ќе се одржи на ден 24.11.2022 година, со почеток во 11.00 часот во Голема сала на Општина Крива Паланка.

Дводневната обука за заинтересираните граѓански организации ќе се одржи на 24.11.2022 и 25.11.2022 (со почеток во 11.00 часот) во салата на Советот на општина Крива Паланка.

Менторските сесии ќе бидат договорени во меѓувреме, а конкретните датуме ќе бидат дадени на  инфо сесијата.  (вкупно 4 дена за целото времетраење на јавниот повик). 

Прашања во врска со јавниот повик може да се поставуваат преку адресата [email protected] со назнака за јавниот повик. Прашањата може да се поднесуваат до 15.12.2022, а одговорите ќе се обезбедат во писмена форма во рок од 3 работни дена од датумот на прием на прашањата. За да се обезбеди транспарентност, прашањата ќе се објавуваат на веб страницата на УНДП.

ПОДНЕСУВАЊЕ АПЛИКАЦИИ

Пополнетите апликации (со целосна документација) мора да се поднесат во три  (3) печатени копии и една електронска верзија (на USB), во запечатен плик со назнака за јавниот повик, по препорачана пошта или лично, во работни денови (понеделник-петок), од 08:00 до 15:00 часот на следната адреса:

Општина Крива Паланка
ул. Св. „Јоаким Осоговски“ бр. 175
1330 Крива Паланка

Апликациите кои ќе бидат поднесени по овој краен рок ќе бидат разгледани само доколку на поштенската марка стои датум и време на испраќање пред официјалниот краен рок. На надворешната страна на пликот мора да стои името на повикот за поднесување предлог проекти, целосното име и адреса на подносителот, целосниот назив на проектот и назнаката „Да не се отвора пред официјалното отворање”. Општинскиот службеник ќе издаде потврда за прием на поднесените документи.

Сите подносители на предлог проекти, независно дали истите се прифатени или одбиени, ќе бидат известени во писмена форма за одлуката во врска со нивниот предлог проект во рок од 30 работни дена од затворањето на јавниот повик. Резултатите ќе бидат објавени на општинската веб страница www.krivapalanka.gov.mk и на општинската огласна табла.

Aнекс 1 – Предлог проект
Анекс 2 – Предлог буџет
Анекс 3 – Логичка рамка
Анекс 4 – План на активности и видливост
Анекс 5 – Формулар со административни податоци
Анекс 6 – Формулар со финансиски податоци
Анекс 7 – Изјава за подобност
Анекс 8 – Изјава за двојно финансирање
Анекс 9 – Листа за проверка
Анекс 10 – Насоки за подносители
Анекс 11 – Цели на одржлив развој
Анекс 12 – Најчести грешки од претходни јавни повици за ГО

Големина на фонт
Контраст