НВО?

Општина Крива Паланка во континуитет спроведува политики за продлабочување и унапредување на соработката со граѓанските организации, односно здруженијата на граѓани и фондации, а во насока на креирање активен граѓански сектор, кој ќе биде сериозен партнер на општината, во креирањето на локалните политики и кој ќе придонесува за понатамошен развој и подобрување на квалитетот на живеење на локалната заедница, како и втемелување на социјална правда и еднакви можности за сите граѓани и граѓанки од заедницата. Распределбата на јавните финансии претставува сериозна задача за секоја јавна администрација или управен орган, а соодветната распределба на јавните финансии ги потврдува добрите намери на локалната власт за одговорно управување со јавното трошење и услугите кои се даваат на граѓаните.

Затоа, Советот на Општина Крива Паланка во соработка со УНДП и Регионалната програма за локална демпкратија на Западен Балкан 2 (RELOAD 2) усвои методолошки пристап за транспарентна распределба на средства наменети за организациите на граѓанското општество, т.н. ЛОД Методологија на ден 03.12.2021г.

ЛОД Методологија

Со примената на ЛОД Методологија се обезбедува квалитет, во процесот на планирање и имплементација на проекти, како и униформна употреба на поедноставени алатки и документација за успешна имплементација и мониторинг на проектите, како и трошењето на буџетски средствата, кои се распределуваат на граѓанските организации преку Јавни повици од страна на Општината, а согласно Програмата на RELOAD 2  и ЛОД Методологијата.

Јавен повик 2022:

Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог проекти во рамки на Регионаланата програма за локалана демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD 2) од  22.11.2022

Резултати од Јавниот повик

Јавен повик 2023:

Повторен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог проекти во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2
https://www.krivapalanka.gov.mk/novosti/35011

Резултати од евалуација на предлог проекти од граѓански прганизации добиени на повторен јавен повик за граѓански организации со седиште во Општина Крива паланка во рамки на ReLOaD2 проектот

Јавен повик 2023:

Јавен повик за граѓански организации од Општина Крива Паланка за поднесување на предлог проекти на здруженија и фондации со седиште во Општина Крива Паланка од 10. 03. 2023 г.

Резултати од евалуација на предлог проекти од граѓански организации добиени од Јавен повик од Општина Крива Паланка за поднесување на предлог проекти на здруженија и фондации со седиште во Општина Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст