Известување за граѓаните – одрони на пат

Се известуваат сите учесници во сообраќајот дека поради појава на свлечишта и одрони отежнато се одвива сообраќајот на локалниот пат кон манастирот Свети Јоаким Осоговски, посебно на делот на околу 150-200 метри од исклучувањето од главниот пат кон манастирот. На споменатиот дел повремено се изведуваат и градежни работи за расчистување на одроните од карпест и земјан материјал.

Истото се однесува и за локалниот пат Крива Паланка – с.Станци на кој има неколку поранешни поголеми свлечишта, но и новоактивирани свлечишта и одрони кои значително го отежнуваат одвивањето на сообраќајот и на кои повремено се изведуваат градежни работи за расчистување.

Ги молиме граѓаните да имаат разбирање за потешкотиите во одвивањето на сообраќајот на овие локални патишта, да возат внимателно и да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци.