Дневен ред на 44-та седница на Совет

Врз основа на член 35 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр. 5/08), претседателот на Советот на Општина Крива Паланка  свикува   44-та седница на Советот на Општина Крива Паланка за 20.07.2012 година (петок) во 14,30 часот. Седницата ќе се одржи со следниот

Д н е в е н   р е д:

Усвојување на Записници од  41, 42 и 43-та седница на Совет

1. Одлука за усвојување на Програмата за енергетска ефикасност на Општина Крива Паланка за 2012 година (пречистен текст);

2. Предлог – Одлука за усвојување на квартален извештај на Буџетот  за II квартал за 2012 година;

3. Предлог – Одлука за давање под долготраен закуп на градежно земјиште со непосредна спогодба к.п. 1508/19;

4.Предлог – Одлука за давање под долготраен закуп на градежно земјиште со непосредна спогодба к.п.1508/20, 1508/21 и 1301/2;

5. Предлог – Одлука за давање под долготраен закуп на градежно земјиште со непосредна спогодба к.п. 1301/3 1510/2;

6. Предлог – Одлука за давање под долготраен закуп на градежно земјиште со непосредна спогодба к.п. 1303/4;

7. Предлог – Одлука за измена на име на плански документ Детален урбанистички план;

8.Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.7432;

9. Предлог – Одлука за утврдување на донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши уогласување на намените за к.п.2382 и к.п.2339;

10. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.7442;

11. Предлог – Одлука за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови и локална урбанистичка планска документација за Општина Крива Паланка за 2012 година;

12. Предлог – Одлука за  превземање на водоводот „ВИДЊА“од с. Кошари населба Маневци и отстапување на ЈП „Комуналец“ – Крива Паланка;

13. Предлог – Решение за  разрешување членови во  ОУ„Илинден“- Крива Паланка;

14. Предлог – Решение за  именување членови во ОУ„Илинден“- Крива Паланка;

15. Предлог – Одлука за давање на недвижни ствари под закуп и одржување;

16. Предлог – Одлука за измена на одлуката за давање согласност за аплицирање на проект „Крива Паланка енергетски ефикасна Општина-успешна општина“;

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Милка Митовска