Каталог на традиционални јадења „Шопска софра 2019“

Каталогот на традиционални јадења е дел од проектот „Шопска софра 2019“, кој е реализиран со финансисиска поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Општина Крива Паланка.

Специјалитетите што се претставени во овој каталог беа дел од манифестацијата „Шопска софра 2019 “ на која беа претставени и дегустирани традиционални солени и слатки јадења во најголем дел карактеристични за овој регион.