logo

Приемни денови за работа со странки и одржување на состаноци

Општината Крива Паланка го определи распоредот за приемни денови за работа со странки и одржување на состаноци во кои граѓаните и други субјекти можат да се обратат за консултации, информации во врска со предмети и надминување на определени состојби, а се поврзани со надлежностите на општината. Странките покрај директната комуникација можат да се консултираат со надлежните службеници и преку телефон, како и по e-mail адреса.

Список на лица вработени во Општина Крива Паланка со позиција, службен е-маил и телефон

Приемен ден кај градоначалникот Борјанчо Мицевски е четврток од 11 до 15 часот.

Приемен ден кај претседателот на Совет на Општина Крива Паланка е вторник од 11 до 13 часот.

За остварување на средба/ состанок странката е потребно да се најави на службеникот за упатување на странки во просторијата до влезната врата во просториите на општината.

Напомена: Во случај на итност и неодложност и други оправдани причини, странката може да оствари состанок со надлежниот службеник секој ден од понеделник до петок во текот на целото работно време од 08.оо до 16.оо. Паузата службениците ја користат во периодот од 10.30 до 11.оо часот.

 

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник
Борјанчо Мицевски