Одделение за финасии, буџет и администрирање со даноци и имот

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УТВРДУВАЊЕ ДАНОКОТ НА ПРОМЕТ НА НЕДВИЖНОСТИ

 1.  ДОГОВОР ЗА КУПОПРОДАЖБА

– Даночна пријава за утврдување данок на промет  на недвижности потпишана на даночниот обврзник со платена административна такса во износ од 300 денари на уплатна сметка  840-138-03182  , приходна шифра 722315 цел на дознака  заверка на пријава, ( ПП – 50)

–  Договор за купопродажба во 6 (шест) примероци потпишани од договорените страни;

–  Имотен лист во 2 (два) примерока од кои еден оригинал еден фотокопија  да не е постар од 6 (шест) месеци и да е на име на сопственикот (продавачот);

–  Барање со платена такса во износ од 100,00 денари за секоја договорна страна на уплатна сметка  840-138-03182  , приходна шифра 722315 цел на дознака  за издавање на уверенија; ( образец ПП – 50)

 

2.ПРАВОСИЛНИ: СУДСКА ОДЛУКА , СТЕЧАЈНО ИЛИ ИЗВРШНО РЕШЕНИЕ

– Даночна пријава таксирана со 300,00 денари на уплатна сметка  840-138-03182   приходна шифра 722315  цел  на  дознака   за издавање  на  уверенија; (образец ПП50)

– Правосилни: Судска одлука, стечајно или извршно решение во 3(три) примерока  од кои еден оригинал и две фотокопии заверени кај нотар;

– Имотен лист во еден примерок на име на тужениот стечајниот или извршниот должник  и да не е постар од 6 (шест) месеци;

–  Барање со такса од 100,00 денари за секој учесникво постапката на жиро сметка 840-138-03182   приходна шифра 722315 цел на дознака за издавање на уверенија за платени јавни давачки;

3. ДОГОВОР ЗА ДОЖИВОТНА ИЗДРШКА

–  Даночна пријава за утврдување данокот на промет на недвижности со платена такса во износ од 300,00 денари на уплатна сметка  840-138-03182   приходна шифра 722315 цел на дознака  за заверка на пријава ; (образец ПП-50)

– Договор за доживотна издршка во 3 (три) примероци од кои еден оригинал и две фотокопии заверени кај нотар, а со кое е запрена оставинската постапка поради постоење на договор за доживотна издршка;

– Барање со уплатена такса од по 100,00 денари за секоја договорна страна на уплатна сметка  840-138-03182   приходна шифра 722315 цел на дознака  за издавање на уверенија ; (образец ПП-50)
4. ДОГОВОР ЗА ЗАМЕНА

– Две даночни пријави за утврдување на данокот на промет на недвижности потпишани посебно од договорните страни – учесниците во размената, со платена такса од 300,00 денари за секој учесник во замената односно 600,00 денари на уплатна сметка  840-138-03182   приходна шифра 722315 цел на дознака  за заверка на пријава ; (образец ПП-50)

– Договор за замена во 6 (шест) примероци потпишани од договорените страни;

– Имотни листови од двете договорни страни од кои еден оригинал и еден фотокопија и да не се постари од 6 (шест) месеци;

– Барање со платена такса од по 100,00 денари за секоја договорна страна на уплатна сметка  840-138-03182   приходна шифра 722315 цел на дознака  за издавање на уверенија за платени јавни давачки ; (образец ПП-50)

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УТВРДУВАЊЕ ДАНОК НА НАСЛЕДСТВО И ПОДАРОК

1. Договор за дар – Отстапување на имот за време на живот

–  Даночна пријава  за утврдување данок на наследство и подарок потпишана од даропримачот – примателот со платена такса од 300,00 денари на жиро сметка 840-138-03182 и приходна шифра 722315 за заверка на пријава (образец ПП–50);

– Договор за дар – отстапување на имот за време на живот во 6 (шест) примероци и потпишани од договорените страни;

– Изводи на родените – венчаните за даропримачот-ите, примателот-ите и да не е постар од 6 (шест) месеци;

– Барање со платена такса во износ од 100,00 денари за секоја договорна страна на жиро сметка 840-138-03182 и приходна шифра 722315 за издавање на уверенија за платени јавни давачки; (образец ПП–50)
2. Оставинско (наследно) и тестаментално решение, записник за судско порамнување и записник за извршена судска и физичка делба

– Пријава за утврдување данок на наследство и подарок потпишана од примателите на имот ( законските и тестаменталните наследници, порамнувачите и учесниците во физичка делба ) со платена такса во износ од 300,00 денари на жиро сметка 840-138-03182 и приходна шифра 722315 за заверка на пријава; (образец ПП–50)

– Правосилно , Оставинско тестаментално решение како и правосилен записник за судско порамнување односно физичка делба во 3 (три) примероци од кои еден оригинал и две фотокопии заверени кај нотар;

–  Имотни листови во еден примерок  на име на оставителот, тестаторот или на сосопствениците и да не е постар од 6 (шест) месеци;

– Барање со платена такса од по 100,00 денари за секој учесник во постапката на жиро сметка 840-138-03182 и приходна шифра 722315 за издавање на уверенија за платани јавни давачки;  (образец ПП–50)

3. Договор за дар-отстапување на имот за време на живот и договор за физичка делба – втор и останати наследни редови

-Даночна пријава за утврдување данок на наследство и подарок потпишана од примателот на имотот со платена такса од 300,00 денари на жиро сметка 840-138-03182 и приходна шифра 722315 за заверка на пријава; (образец ПП–50)

– Договор за дар отстапување на имот – физичка делба во 6 (шест) примероци потпишани од договорените страни;

-Имотен лист во два примерока на име сопственикот –сосопствениците и да не е постар од 6 (шест) месеци;

-Извод на родените за сите договорни страни и да не е постар од 6 (шест) месеци;

– Барање со платена такса од по 100,00 денари за секоја договорна страна на  жиро сметка 840-138-03182 и приходна шифра 722315 за уверенија за платени јавни давачки. (образец ПП–50)

Големина на фонт
Контраст