Промоција на Славишки зборник бр.3

Во петокот на 25 ноември 2016 година во 12 часот во просториите на Општина Крива Паланка (голема сама) се промовираше публикацијата која веќе трети пат по ред ја издава ЛУ Градски Музеј-Крива Паланка, Славишки зборник бр.3.

Стручните трудови од авторите  подредени на околу 350 страници го презентираат културното наследство на Кривопаланечко во повеќе културолошки научни дисциплини: археологија, етнологија, историја, историја на уметноста, архивистика и хералдика.

Промотори на третото издание на Славишки зборник беа проф.д-р Елизабета Димитрова, проф.д-р Наташа Котлар Трајкова и проф.д-р Весна Миовска.

Проф.д-р Весна Миовска истакна дека големо е задоволството да се биде во Крива Паланка, како што рече таа повторно да се сретне со некои лица кои неуморно и помогнале во истражувањата околу нијзината докторска дисертација пред околу две децении. Таа има многу убави спомени од населението од кривопаланечкиот крај и голема чест и била поканата од директорот на музејот г-дин Драган Величковски да биде промотор и да ги претстави авторските трудови кои ја презентираат етнологијата на оваа област.

Проф.д-р Наташа Котлар Трајкова ќе рече : „ Голема е потчитта кон младиот тим на музејот кој успева да се наметне во сверата на музеологијата како најмлада установа од ваков тип во Македонија. Многу поголеми установи од локален и национален  карактер можат да им позавидат на нивниот ентузијазам и нивната стручност. Искрено сум многу пријатно изненадена.“

Проф.д-р Елизабета Димитрова ќе истакне дека од големо значење се трудовите во областа на археологијата, особено статиите за локалитетот Градиште во с. Градец како првенче во археолошките ископувања во Градскиот музеј во Крива Паланка.

Уредникот на Славишки зборник бр. 3, г-дин Александар Маџовски ќе истакне дека со излегувањето на оваа публикација се промовира културното наследство на кривопаланечкиот крај, а со презентацијата пред пошироката јавност се исполнува образовната дејност на музејот.

Директорот на ЛУ Градски музеј г-дин Драган Величковски  истакна дека некако како да се наметнува издавањето на Славишки зборник бр. 3 да се случува на три години. Првото издание  излезе во 2009 г., второто во 2013 г. и сега во 2016 г. се промовира третото издание. Тој се надева дека и оваа издание ќе биде барано како и претходните две. Како што вели тој во иднина планира и реиздавање на првиот број на Славишки зборник.

Тој се заблагодари за соработката на авторите на трудови во зборникот и нивното присуство на промоцијата, како и на присуството на директорите на музеите од Скопје, Куманово, Кратово, гостите од Регионалниот Историски музеј од Ќутендил-Бугарија, присутните директори на јавните институции во градот и сите заинтересирани граѓани присутни на промоцијата.

Присутните ги поздрави и градоначалникот на Општина Крива Паланка г-дин Арсенчо Алексовски.

String could not be parsed as XML

 

Со почит,

ЛУ Градски Музеј – Кр. Паланка