Покана за изложба на уметничка фотографија „Два света“ од Димитар Чунговски

На ден  19.11.2016 година, сабота во 19 часот во Градската Галерија при ЛУ Градски Музеј – Крива Паланка ќе биде отворена изложба на уметничка фотографија под наслов „ Два света “ од Димитар Чунговски-Чунга.

Димитар Чунговски – Чунга е роден 1979 г. во Битола. Учествувал во педесетина домашни и меѓународни групни изложби на фотографија, каде има освоено поголем број на награди и признанија. На оваа негова самостојна изложба ќе се претстави со 40-тина фотографии.

pokana_izlozhba_dva_sveta