Потпишан меморандум за соработка помеѓу Општина Крива Паланка, Фондацијата „BEDD” и „Македонија-ЕГЕ“

На 28.10.2014 во малата сала при општина Крива Паланка градоначалникот г.Арсенчо Алексовски потпиша меморандум  за соработка со г.Кемал Демирел претседател на Фондацијата за лица со посебни потреби Bendesel Engellierte Dayansma Demegi (BEDD)  од Република Турција  и со Македонско-турското здружение  „Македонија-ЕГЕ“ застапуванo од претседателката Нина Пандурска.

На настанот беше присутен и амбасадорот на РМ во Р.Турција,  г Горан Тасковски.

Од страна на здружението од Република Турција, Bendesel Engellierte Dayansma Demegi (BEDD), во рамки на овој настан, на Бранкица Димитровска и беше доделено ортопедско помагало (количка), направена специјално за неа со претходно земени димензии.

Бранкица Димитровска му додели благодарница на градоначалникот г.Арсенчо Алексовски за поддршка на активностите на НВО Хендикеп Плус.